verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Дејан Донев

Борбата на медиумите за подобро утре не смее да запре

на 19. 06. 2016 | | sq
Настрана рацете од медиумите. Фото: „Гугл“    

Во овој период од несреќниот број на месеци (13 севкупно), како повторно да се враќаме наназад! Отпочеток да ја поставуваме агендата за правилно и трезвено движење по трасираниот пат, како повторно да ја „откриваме Америка“, чудејќи се на сопствените грешки и инаетливост, како и на немањето чувство дека работиме, сме во интерес на сите во оваа држава. Токму затоа и нужноста од

Медиумите и „невидливото“ јавно-приватно партнерство во Македонија

на 30. 05. 2016 | |
Марина беј (Сингапур), Титаник музеј (Белфаст), Метеоролошки центар (Мериленд, САД) и најпознатата плажа на светот Копакабана (Рио де Женеиро, САД) – сите се целосно или делумно резултат на јавно-приватно партнерство. Фото: flickr    

Новинарите повеќе не се само собирачи на вести, туку од нив се очекува да истражуваат, да бидат критични кон светот во кој живеат, но и проактивни – да ја придвижуваат јавната дебата за теми од општ

Медиумското слепило – плод на новинарската (де)професионализација

на 16. 05. 2016 | |
Слепило. Фото: pixabay  

Македонското секојдневие во последните 25 години е исполнето со обиди за дефокусирање на јавноста преку разно-разни тези во однос на оние кои се на власт, но и на оние кои се во опозиција. Така, секакви (не)вистини излегоа, но и беа „пробуткани“ на површина заради интересите на тие што стојат и играат заткулисно, а најмногу преку „сопствените медиумски гласила“, кои ги држат во состојба на сервилност без

И повеќе од гравитациски одиме удолу, до дното

на 25. 04. 2016 | |
Долгиот пад удолу. Фото: Kevin Morris
 

Се поголемиот степен на професионализација на одредени „носечки“ гранки во модерното време и општество ги издвои медиумите и новинарството како актери со главни ролји во развојот на демократијата во општеството, давајќи им примат пред голем број други гранки за кои до крајот на 20 век се сметаше дека се суштински за наметнувањето на демократската мисла во практиката во земји кои се во промена

За односот меѓу известувањето на медиумите и транспарентноста на институциите

на 19. 04. 2016 | | sq, en
Податоците во сопственост на граѓаните треба да бидат достапни – отворете ги институциите. Фото: Википедија  

Се вели дека преку положбата и значењето на новинарската професија во едно општество, може да се процени неговата отвореност и демократичност, односно почитување и загарантираност на слободното мислење, искажување, здружување и, воопшто, на слободниот живот.

  Пишува: Д-р Дејан Донев, вонреден професор по етика во новинарството и етика во медиумите   Претходната теза говори и

Десеткуваните медиуми и разулавената корупција

на 4. 04. 2016 | | en
Кич и корупција – резиденцијата на поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, денес Музеј на корупцијата. Фото: hélène veilleux  

Сознанието дека живееме во светот на информацијата, во информатичко и информационо општество кои галопираат во својот развој со светлосна брзина, денес е дополнето и со фактот дека поседувањето на информацијата е од приоритетно значење, бидејќи да се биде во тек со развојот значи поседување на информацијата како најзначаен продукт од

Македонскиот новинарски професионализам: оксиморон, нужност или реалност!?

на 23. 03. 2016 | |
E.W.Scripps School of Journalism од Athens, Ohio, USA. Фото: Eli Hiller, 2014  

Новинарството, како една од најистакнатите професии на денешницата, е напорна и особено одговорна дејност и како таква нужно има своја конкретна професионална етика, која зборува за моралните проблеми во извршувањето на оваа професија и за специфичните обврски во неа. Уште повеќе, бидејќи станува збор за јавна дејност, во чија основна димензија особено доаѓа до израз јавната одговорност,

Мирка, дал тоа премиерот „тамо свирка“!?

на 2. 03. 2016 | |
 
Дисторзирана реалност. Фото: J.J./flickr, 2009
 

Освен она што веќе се промовираше како препознатлив квазитренд за колумните во македонскиот медиумски простор, а тоа е сведување на различноста на ставовите на дискриминаторско ниво обоени со голем број предрасуди, негативно профилирање, дискредитација, односно креирање и ширење на само себе позната вистина, т.е. „вистината“ на авторот, преку еднострано подвлекување на фактите и нивно научно искривување (бидејќи не се даваат повеќе информации, ниту

Како јагниња на кланица…

на 20. 02. 2016 | |
Oбезличени медиуми и новинарство – сигурни избори! Фото: ФОСИМ, 2011  

Имајќи ги предвид фактите дека нема нови поместувања во преговорите за медиумските реформи, т.е. дека занемарувањето на исправноста и на вистинитоста на ставот  дека одредување на медиумската реалност и иднина без учество на медиумите и понатаму ќе продуцира нивно заробеништво во прангите на политиката во Македонија, понатаму сите испади со прегазувањето и со понижувањето на новинарските стандарди во неодамнешните

Медиумската слобода во Македонија е како недовршена карабина со изместена статика!

на 3. 02. 2016 | |
Најновите извештаи на „Фридом хаус“  

Македонското секојдневие во последните 25 години е исполнето со обиди за дефокусирање на јавноста преку разно-разни тези во однос на тие што се на власт, но особено за тие што се во опозиција. Така, секакви (не)вистини излегоа, но и беа протуркани на површина заради интересите на оние кои играат заткулисно, а најмногу преку „сопствените медиумски гласила“ кои ги држат во состојба на сервилност, но

Претплатете се за најнови вести