verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Билјана Илиќ

Како се злоупотребуваат изворите на информации во медиумите?

на 3. 04. 2013 | | sq
Иако принципот на атрибуција во македонските медиуми е усвоен пред безмалку две децении, сѐ уште среќаваме написи без никакви извори на информации и такви во кои изворите не се именуваат или погрешно се лоцираат за да се заведе читателот, а сериозен проблем е и користењето на еднострани извори, без да се почитува етичката обврска да се сослуша и другата страна. Пишува Биљана Илиќ Текстот е достапен и на албански јазик: Si keqpërdoren burimet e informatave në media?

Рецензија: Загинатите момчиња од Штип биле на свадба кај пратеничката Маринела Тушева

на 3. 04. 2013 | |
Една мала непрецизност и желба за сензација може да придонесе за погрешно поврзување на настаните и до неоправдана перцепција за вина на лицата спомнати во приказната.

Рецензија: Кој стои зад Аце Коцевски?

на 31. 03. 2013 | |
Непотпишан коментар, објавен со идентичен текст на три интернет портали речиси истовремено, како очигледна координирана негативна кампања против кандидат за градоначалник од опозицијата.

Рецензија: Полицаец нападнат од синот на сопственикот на Канал 77

на 28. 03. 2013 | |
Кога приклонувањето кон полициската верзија значи кршење на принципот на пресумпција на невиноста и раѓа и дискриминација врз социјална основа.

Рецензија: СДСМ обвинува за нерегуларности-сценарио за делегитимирање на изборите во недела!?

на 22. 03. 2013 | |
Нецелосен и спинуван извештај за прес-конференција на опозициска партија, во кој авторот очигледно се приклонува кон тезата на спинот и ја атрибуира на неименуван извор наречен „експертската јавност“.

Рецензија: Тодоров: Од утре се враќа ноќната служба во поликлиника „Идадија“!

на 21. 03. 2013 | |
Некритичко проследување на промотивен настан, кој претставува очигледно и недозволено инволвирање на државен функционер во кампањата за локалните избори.

Претплатете се за најнови вести