verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Benjamin Arifi

Вистината во новинарството не содржи пристрасност

на 7. 10. 2015 | | sq
  [Рецензија: „Писарите„ на „Беса„ грдно се излажаа со „Унитети„]   Teкстот што е предмет на нашата рецензија се однесува на извитоперувањето или прикривањето информација од јавноста. Целата вест, којапочнува конфузно, зборува за некои „медиуми на движењето Беса“, коишто, наводно, дезинформирале за формирањето фракција од редот на незадоволни членови на ДУИ. Линк до оригиналната вест: „Писарите“ на „Беса“ грдно се излажаа со „Унитети“ Датум и време на објавување: 21/09/2015 Датум на рецензија: 30/09/2015 Рецензент: Бењамин Арифи Без да ја докаже сопственоста на медиумите за кои зборува или нивната поврзаност со движењето „Беса“, таквата квалификацијана на авторот едноставно останува клевета, на која не ѝ е местото во еден новинарски напис. „Се чини, на фората најдобро наседнаа, порталите на малата „Беса“, кои

Новинарот треба да ги одвои личните ставови од веста

на 6. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: „Избори 2016“: Се руши „Зајаскиот клан“, победува ДПА]

  Текстот што го рецензираме од почеток до крај содржи елементи на коментирање кои не треба да се најдат во еден информативен текст, каков што претендира да биде овој напис. Уште во самиот вовед, авторот констатира дека „Идните парламентарни избори ќе бидат „кошмар“ за Демократската унија за интеграција (ДУИ)“, меѓутоа не се знае кој го предвидел овој кошмар, аналитичарите кои првпат се спомнуваат на крајот на првиот пасус или самиот новинар што го напишал текстот. Би било многу легитимно доколку фактот дека „ДУИ на наредните избори ќе ја ризикува својата позиција во Владата“ би го рекле аналитичарите кои се во „позиција“ да говорат за политичките збиднувања. Линк

Повредата на приватноста без докази претставува законски и етички престап

на 29. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Поранешниот македонски министер за надворешни работи фатен во „мат“ со неговата секретарка]

  Уште една рецензија на напис што нема ниту еден извор, ниту еден доказ. Овој текст го валка името на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, без ниеден конкретен доказ за тоа за што го обвинува. Линк до оригиналниот напис: Пораненшниот македонски министер за надворешни работи фатен во „мат„ со неговата секретарка Време на објавување: 19/09/2015 Датум на рецензија: 21/09/2015 Рецензент: Бењаним Арифи „Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошовски, фатен во љубовна вркса со неговата секретарка“, вели авторот. Ова информација ризикува да добие тужба за клевета и за нарушување на угледот, што е предвидено со член 6 од Законот за граѓанската одговорност

Нецитирањето на изворот е непрофесионален чин

на 24. 09. 2015 | | sq
  [Рецензија: СДСМ бара 12 заменици на специјалниот обвинител, ВМРО е против]   Присвојувањето на туѓите текстови без цитирање и без дозвола од авторот не само што е непрофесионален чин, туку и неетички. Копирањето и присвојувањето ги избледуваат довербата, влијанието и перцепцијата за медиумот од страна на колегите и граѓаните. Особено денеска, кога исчезнале сите фрагментации на албанската јавност во Македонија и кога, речиси без исклучок, сите ги читаат и ги следат како медиумите на албански јазик, така и тие на македонски јазик. Линк до оригиналниот наслов: СДСМ бара 12 заменици на специјалниот обвинител, ВМРО е против Датум и време на објавување: 09.09.2015 Датум на рецензија: 15.09.2015 Рецензент: Бењамин Арифи Написот што го рецензираме, всушност, е целосна копија од написот

Недостигот на потврда го зголемува бројот на кликнувања, но ја губи довербата

на 23. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Кавга во ДУИ по именувањето на Незири за шеф на штабот]

Веста што ја рецензираме не содржи ниту еден доверлив елемент врз основа на кој се пишува една информација или вистинска новинарска вест. Како што може да се види од објавениот текст, авторот се обидел да прикаже една состојба, атмосфера меѓу партиските кадри на ДУИ, но овој свој навод или констататија, не го поткрепува со изјава, фотографија или видеоснимка, како што би требало да се направи при подготовка на една професионална вест. Линк до оригиналниот напис: Кавга во ДУИ по именувањето на Незири за шеф на штабот Датум и време на објавување: 09/09/2015 Датум на рецензија: 16/09/2015 Рецензент: Бењамин Арифи Единствената основа којa на авторот му се чинела

Новинарот не обвинува, туку ги проверува обвинувањата

на 11. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: На Тачи му одговара ВМРО, ни збор „не му излегува од уста„ за Груевски!]

  Целосно е легитимно и дозволено да се анализира однесувањето и дејствувањето на политичките партии, но при таквите анализи треба да се елиминира тенденциозноста и можната политичка пристрасност. Во овој текст се забележува дека има пристрасност и тенденциозност, повеќе отколку што се присутни професионалните новинарски принципи. Линк до оригиналниот напис: На Тачи му одговара ВМРО, ни збор „не му излегува од уста„ за Груевски! Датум и време на објавување: 02.09.2015 Датум на рецензија: 03.09.2015 Рецензент: Бењамин Арифи Текстот повеќе обвинува отколку што прави анализа и има повеќе заклучоци одошто истражувања. Авторот, истовремено, самиот ја игра улогата и на новинар и на експерт, што е

Преобјавувањето на текстовите без проверка е непрофесионално

на 31. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Кај си бе оџа!]

  Текстот што го рецензираме, всушност, е скратена верзија на оригиналниот текст, објавен на портал на македонски јазик. Иако во оригиналната верзија не се дадени никакви докази за наведените обвиненија и сомнежи, авторот оценил дека текстот е вреден за превод и за преобјавување, не обидувајќи се да ги провери тезите што се пласираат во текстот. Линк до оригиналниот напис: Kај си бе оџа! Датум и време на објавување: 20.08.2015 Датум на рецензија: 21.08.2015 Рецензент: Бењамин Арифи Според професионалните новинарски правила, пренесувачот на овој текст би требало да контактира и да опфати во текстот најмалку четири страни, пред да го преобјави текстот на албански јазик. Прво, тој не контактирал со Исламската верска заедница, кон која

Не секоја информација од македонските портали може да се пренесе без да се провери

на 27. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Шекеринска платила по 2.000 евра од вечер во луксузната вила во Грција]

  Тенденциозен напис кој е пренесен од медиумите на македонски јазик, без ниедна проверка или потврда. Порталот на албански јазик, кој ја пренесува нецелосната и тенденцизна вест од порталот „Република“, не понудил ниту еден дополнителен доказ за текстот што одлучил да го преведе и да го објави. Линк од оригиналниот напис: Шекеринска платила по 2.000 евра од вечер во луксузната вила во Грција Датум и време на објавување: 18.08.2015 Датум на рецензијата: 20.08.2015 Рецензент: Бењамин Арифи Во овој текст не е направен обид да се контактира со заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, за да се дознае лично од неа колку потрошила за нејзиниот одмор. Нема обид

Македонија со највисоки пензии во регионот? Ова едноставно не е вистина

на 18. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Со најновото покачување, просечната пензија во Македонија е највисока во регионот]

Рецензираната вест е составена врз основа на една невистинита информација, со што и самата вест станува една лажна вест. И со најавеното зголемување во септември, Македонија останува зад многу држави од регионот кога станува збор за висината на просечната пензија во земјата. Овој факт многу лесно може да се потврди, доволно е само да се разгледаат статистичките

Новинарството се занимава со факти, а не со суеверија

на 16. 08. 2015 | |
  [Рецензија:  Ликот на Рина се појавува на прозорецот од нејзината куќа? (Фото)]   Во ситуации кога доминира неизвесност за човечки животи и судбини, медиумите треба да се воздржуваат од шпекулации и од претпоставки, но и од непотврдени информации што можат да ги повредат чувствата на поединци. Рецензираниот текст е инспириран од една фотографија испратена од читател и чија оригиналност тешко може да се потврди. А уште помалку може да

Претплатете се за најнови вести