verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Benjamin Arifi

Наслов со сензации и со манипулации, текст без факти и со шпекулации

на 13. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Обвинителката Фетаи утре во 11:00 ќе каже кои политичари Aлбанци и Mакедонци  ќе бидат уапсени

Специјалната обвинителка, Катица Јавена, во придружба на обвинителката Фатиме Фетаи, ќе го објави обвинителниот акт и најновите истраги што ги вршело ова обвинителство против тројца политичари во Македонија, пишува „Журнал“. Неофицијално дознаваме дека СЈО ќе поднесе обвинителен акт за неколку политичари што во последните 10 години извршиле кривични дела и го оштетиле државниот буџет, при што не се исклучува можноста тие да се Aлбанци. Сè уште не се знае дали се работи за политичари Aлбанци или Mакедонци. „Журнал“ утре од 11 часот ќе ви ги пренесе најновите информации од вонредната прес-конференција на СЈО. Досега СЈО ги објави аферите „Титаник“, „Тврдина“, „Тортура“ и „Транспортер“.

Деликатна и важна тема – нецелосна и недообјаснета вест

на 12. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Почна изградбата на црквата во Струга, дали Зијадин Села ќе ја блокира?

Само што почна да се гради црквата среде Струга, каде уште не се знае дали ќе има некој крст како оној во Бутел или не. Ако нема да има огромен крст, не е верско поттикнување. Како што дознаваме, црквата нема дозвола за градба и за тоа место сè уште се води судски процес. Инаку, пред неколку месеци, ДУИ го блокираше поставувањето на еден огромен крст во општина Бутел.  

[Рецензија: Почна изградбата на црквата во Струга, дали Зијадин Села ќе ја блокира]

Верските теми во Македонија секогаш биле деликатни и комплицирани, затоа бараат и повнимателен, сеопфатен и професионален пристап од страна на новинарот. Што се однесува

Предлабоко со коментари за вест, преплитко за коментар или анализа

на 23. 05. 2016 | | sq

Напис: ДР-ДПА и Беса преку протестите ги мерат своите сили

Дали протестите се претвараат во една арена на политичка трка меѓу малите вонсобраниски партии на Албанците, за тие да ја покажат својата доминација кон една друга партија? По низата неуспеси на „малите“ за да ги соединат силите, особено Беса и ДР-ДПА (судирите и политичките каприци меѓу нив продолжуваат), тие сега се обидуваат да ги измерат силите преку протестите, кој ќе собере неколку луѓе повеќе. За утре, Опозицискиот совет, кој за соорганизатор го има движењето Беса, закажал протест за настаните во Куманово или за Денот на Европа, како што сакаат да надоврзат тие. Сличен ваков протест организираше и Алијансата за Албанците предводена од ДР-ДПА и делот од НДП кој е на

На пораките без докази не им е местото во новинарството

на 3. 05. 2016 | | sq

Напис: „Заев со порака до Беса“ Вие сте „наши“ и не излегувајте на протести?!

Неофицијално, новинската агенција „Журнал“ од сигурни извори дознава дека лидерот на македонската опозиција, Зоран Заев, побарал од движењето Беса да му даде беса дека нема на учествува на денешните протести организирани од ДР-ДПА, другите партии и од граѓаните Албанци. На денешните масовни протести на кои учествуваа илјадници граѓани Албанци, кои го искажаа својот револт против неправдите кои им се прават на Албанците и против режимот на Груевски, беше очигледно дека Опозицискиот совет и движењето Беса не учествуваа. Иако пред неколку дена движењето Беса преку една изјава за медиумите пренесе дека тие ги поддржуваат сите протести кои тежнеат кон уривање на овој диктаторски режим, особено кога се

Медиуми без потврда на искази – лош пример во историјата

на 4. 04. 2016 | | sq

Напис: Руфи Османи го зема кормилото за да го води Опозицискиот совет, Ким Мехмети останува историја!?

Скопје, 9 март – Експретседателот на НДП, Руфи Османи, овие денови ќе биде именуван на позицијата претседател на Опозицискиот совет во Македонија, дознава неофицијално „Журнал“. Тој ќе се именува за да ја консолидира албанската опозиција во Македонија, со исклучок на ДПА на Мендух Тачи. Османи, кој има голем авторитет меѓу политичката елита и е симбол на националниот отпор, со неговиот авторитет ќе ги елиминира предрасудите и несогласувањата на малите партии на Албанците, што ќе има цел нивно здружување за да на идните парламентарни избори на 5 јуни освојат победа. Инаку, Османи денес е универзитетски професор на Универзитетот на Југоисточна Европа и беше остро критикуван

„Сценарио за напад“ без докази

на 1. 04. 2016 | | sq

Напис: Јанева се плаши да дојде на седница, парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ ѝ спремила сценарио за напад?!

Скопје, 21 март – Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, на која требаше да се расправа за извештајот на специјалната обвинителка, Катица Јанева,  траела многу кратко.
Седницата ја отворил Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ и на седницата беше присутна целата парламентарна група на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека на седницата била повикана да присуствува и јавната обвинителка, која не се појави, и седницата ја презакажал за утре во 11 часот.
Комисијата треба да го разгледа извештајот на СЈО, и додека не се заврши тоа, извештајот не може да се стави на дневен ред за пленарна седница.

[Рецензија: Јанева се плаши

Неточните вести го носат медиумот во изолација

на 4. 03. 2016 | | sq

Напис: Раздор во СДСМ: Заев ја однесе партијата во изолација

Скопје, 16 јануари – Угледни функционери на СДСМ се незадоволни од однесувањето на лидерот Зоран Заев за време на преговорите во Пржино. Тие велат дека во седиштето на партијата владее раздор по синоќешното фијаско во преговорите, известува „Прес 24“. „Поради неговата погрешна и нестабилна политика, партијата сега е во една целосна меѓународна изолација. Од многу ветувања, добивме ситуација по која веќе нема да можеме да влеземе во ниту една странска амбасада. Сега веќе не е важно кога ќе се одржат изборите, бидејќи по ова синоќешното, на сите во партијата им е јасно каков ќе биде епилогот“, рекол еден висок функционер за порталот „Прес 24“. Според порталот, членството е дополнително демотивирано

Почитувањето на медиумите е европска вредност

на 27. 01. 2016 | | sq
  Доколку слободата на изразување и слободата на медиумите се главните детерминанти на демократијата во една земја, Македонија веќе долго време не би требало да се смета за демократска земја. Затвoрањето на медиумите, прогонот на новинарите за пишаниот збор, економскиот притисок врз медиумите и нивната зависност од владините реклами и разните притисоци за медиумските сопственици и работници, придонеле Македонија да забележи запрепастувачки пад во сите рангирања на странските организации. Најголемиот

Kадрите во новинарството – меѓу квалитетот и квантитетот

на 27. 01. 2016 | | sq
Веста за отварањето на (нов) скопски универзитет, кој, според најавите, ќе овозможи студии и на албански јазик, предизвика различни реакции во јавноста. Како јавноста, така и медиумите беа поделени и известуваа на различни начини во врска со основањето на новиот универзитет. Додека еден дел од медиумите ја возвишуваа одлуката како едно неспоредливо достигнување, другите пренесуваа загриженост за уште еден предизборен политички трик. Неколку медиуми известуваа за мислењата на многу интелектуалци,

Медиумите во 2015 – уште една година на тешки искушенија

на 9. 01. 2016 | | sq
Пишува: Бенјамин Арифи 2015 година  не беше лесна година за медиумите во земјава. Пишаниот збор се соочи со вообичаените проблеми во последниве години, тешкотии од различни природи: економски, политички и професионални. Сепак, и покрај тешкотиите, за медиумите на албански јазик, ќе биде една година за паметење. Во Македонија почнаа со работа уште две нови телевизии, „ТВ 21“ и ТВ „Шења“, додека регионалната телевизија „Арт“ од Тетово доби национална кабелска лиценца.

Претплатете се за најнови вести