verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Рецензија: СДСМ самата си ја сруши веродостојноста – призна дека креираните разговори се сечени и полувистини

на 18. 03. 2015 | |
  Текстот е конструкција направена од сецкани новинарски написи. За да се скрие манипулацијата со читателите, дадени се и линкови на споменатите написи. Веројатно се претпоставувало дека никој нема да ги отвори и да направи споредба со она што е објавено. А, ако се направи таква споредба, тогаш паѓа во вода тезата која е пласирана и во предолгиот наслов, кој е, всушност, и главната и, за жал, неточна вест, дека „СДСМ самата ја срушила веродостојноста на приказната со објавување на снимените разговори“ Линк до оригиналниот напис: СДСМ си ја сруши веродостојноста – призна дека креираните разговори се сечени и полувистини Датум и време на објавување: 14.03.2015 14:15 Датум на рецензирање: 16.03.2015 Рецензент: Александар Писарев  

АМОРТИЗЕР ЗА КРИМИНАЛИТЕ НА ВЛАСТА

Рецензија: Шеќеринска и СДСМ немаат кредибилитет да говорат за слобода на новинарите

на 15. 03. 2015 | |
  Додека уште траела трибината на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во која тој на граѓаните присутни во „Универзална сала“ и на платото пред неа им ги презентирал најновите тонски снимки што укажуваат на изборните манипулации, медиумот во исто време побрзал да објави текст, со кој како во боксерски ринг, сакал директно да ја „нокаутира“ заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, да ѝ „затвори уста“, а на граѓаните, преку партиски мегафон, како со инка да им ја истури в уши својата вистина. Притоа, да го дисквалификува не само директниот политички противник, туку и плејада личности и свои колеги кои апсолутно немаат во тој момент никава врска со излагањето на Шекеринска и со настанот во „Универзална сала“. Линк до оригиналниот напис: Шекеринска

Рецензија: Дали Заев соработува со истите странски служби со кои го молеше Тачи?

на 11. 03. 2015 | | sq
  Медиумот категорички констатира дека Зоран Заев соработувал со странски служби, му лепи и хипотека дека тоа го правел и пред една година кога на Мендух Тачи му испратил една телефонска порака. Според медиумот, сега е дилемата само од кога соработува и дали се тоа исти странски служби „со кои го молеше Тачи да му помогне во рушењето на  демократски избраната власт во Македонија“. Линк до оригиналниот напис: Дали Заев соработува со истите странски служби со кои го молеше Тачи? Датум и време на објавување: 03.03.2015, 14:47 Датум на рецензирање: 05.03.2015 Рецензент: Александар Писарев  „Дали Заев соработува со истите странски служби со кои го молеше Тачи?

Од кога Зоран Заев соработувал со странски служби и чии се тие служби кои

Рецензија: Заев лажно обвинува, СДСМ ги призна избирачкиот список и изборните резултати

на 10. 03. 2015 | |
Текстот што го рецензираме има проблем со вистинитоста и со хронологијата на настаните што ги опишува. Кулминација на непрофесионалниот пристап и на пристрасноста е видлива уште во насловната конструкција. Навистина, од каде толкава храброст на граѓаните да им се фрла прав в очи со констатaцијата дека „СДСМ ги призна изборните резултати“, кога од првиот ден на соопштување на резултатите од гласањето, опозицијата јасно им стави до знаење на граѓаните и на меѓународната заедница дека не ги признава изборните резултати поради низа неправилности и манипулации, дека поради тоа бара формирање техничка влада и нема да влезе во парламентот (СДСМ не ги признава изборите, ВМРО ДПМНЕ слави, СДСМ не ги признава изборите). Линк до оригиналниот напис: Заев лажно обвинува, СДСМ ги призна

Рецензија: Мијалков: Нема прошка за никого, законите се строги

на 26. 02. 2015 | |
  Во овој случај, целта е јасна – да се релативизира сè она што се случува во овој миг во државата и на конкретниот настан да му се даде сосема друга димензија. Линк до оригиналниот напис: Мијалков: Нема прошка за никого, законите се строги Датум и време на објавување: 20.02.2015, 17:48 Датум на рецензирање: 24.02.2015 Рецензент: Александар Писарев  

УА ШНАЈДЕРИ

Кога сме во кино и во моментот гледаме на филмското платно дека се исечени некои битни секвенци, публиката вика „уа шнајдери“. Во овој случај публиката молчи, а шнајдерите толку го прекроиле „филмот“ што ни оние кои веќе еднаш го виделе, не можат да го препознаат. Ако на „шнајдерите“ тоа им била целта, тогаш работата успешно си ја завршиле. „Филмот“

Рецензија: Паника во СДСМ: Кој стои зад „Македонските Анонимуси“

на 20. 02. 2015 | |
  Овде има сè, од замена на тези и префрлување на паника и на загриженост на спротивната страна за да се сокрие сопствената, сеење ветер и магла да се сврти внимание од сериозноста на ситуацијата и да се амнестира актуелниот политички естаблишмент од одговорност за сè што може да произлезе од „бомбата“ и таа да се префрли на странците, до повик на мобилизација и притисок на судската власт преку сугестија што да се направи со Заев. Сè до непромислено објавување на фотографија на автомобил (со лични податоци) со дипломатски таблици пред седиштето на СДСМ што може да се протолкува како покажување со прст која странска држава е вмешана во аферата „Пуч“. Линк до оригиналниот напис: Паника во СДСМ: Кој стои

Рецензија: Никој не сака обвинет за шпијунажа и велепредавство за партиски лидер

на 17. 02. 2015 | |
  Веројатно, многу читатели си поставуваат прашање – кој пишува вакви текстови и зошто нивните автори не се потпишуваат. Одговорот е едноставен. Поради стравот да не се посрамотат и некој утре да не ги препознае на улица и на нив да покаже со прст. Но, според методологијата по која работи „Сервис за проверка на факти во медиумите“, не е битно кој е автор, туку што пишува. Линк до оригиналниот напис: Никој не сака обвинет за шпиунажа и велепредавство за партиски лидер Датум и време на објавување: 15.02.2015, 15.41 Датум на рецензирање: 16.02.2015 Рецензент: Александар Писарев  

СПИСОК НА ЖЕЛБИ

Целиот текст е несодржаен, конфузен и нејасен, полн со конструкции, измислени обвинувања, наводни извори, некои структури…, наводни закани на Зоран Заев

Рецензија: Како нинџа или руски шпион – Зоран Заев се маскирал и го гасел телефонот на влез во Скопје

на 10. 02. 2015 | | sq
  Во прилогот што е предмет на рецензија има сé, само не факти и валиден извор со кој би се потврдила вистинитост на напишаното, па тешко е да се каже дали се работи за новинарски текст или за паракнижевност – вовед во некој трилер во кој писателот, со име и со презиме, си ја пуштил фантазијата да измислува приказна што треба лидерот на опозицијата да го претстави како најголемата опасност за државата, шпион, соработник на странските тајни служби и уценувач од типот на „терористите на Исламската држава“. Линк до оригиналниот напис: Како нинџа или руски шпијун – Зоран Заев се маскирал и го гасел телефонот на влез во Скопје Датум и време на објавување: 5.02.2015 4:26 Датум на рецензирање: 7.02.2015

Рецензија: Бедно: Опозицијата го направи Хашим Тачи демократ, а тој се сомничи за трговија со органи!

на 29. 01. 2015 | | sq
  Рецензираме текст кој без многу размислување на прво место ги ставил теснопартиските инетреси на владејачката партија во обид да ѝ наштети на опозицијата, не водејќи сметка дека притоа може да ѝ нанесе сериозна штета на државата и да ги наруши доборсоседските односи со Косово, кои, баш во време на објавување на текстот, од страна на вицепремиерот на Косово и министер за надворешни работи, Хашим Тачи, но и од премиерот на Македонија, Никола Груевски, се оценети како мошне добри и успешни. Линк до оригиналниот напис: Бедно: Опозицијата го направи Хашим Тачи демократ, а тој се сомничи за трговија со органи ! Датум и време на објавување: 25.01.2015, 12:46 Датум на рецензирање: 27.01.2015 Рецензент: Александар Писарев  

„БАБИ И ЖАБИ“

Преку

Рецензија: Премиерот Груевски оствари средба со менаџерскиот тим на компанијата „Вајбер“

на 22. 01. 2015 | | sq
  Вестa мора да биде кратка, јасна и содржајна и да одговори на пет основни прашања, кои ја чинат оваа новинарска творба. Ако тоа го нема, како што е во овој случај, читателите ќе бидат збунети и нецелосно или погрешно информирани за настанот кој медиумот сакал да го опише. Линк до оригиналниот напис: Премиерот Груевски оствари средба со менаџерскиот тим на компанијата „Вајбер“ Датум и време на објавување: 19.01.2015, 17:50 Датум на рецензирање: 20.01.2015 Рецензент: Александар Писарев Направен е обид да се објасни дека премиерот Никола Груевски имал средба со менаџерите на компанијата „Вајбер“ и дека се разговарало за соработка и за размена на искуства.
Во содржината недостигаат две важни информации, кога тоа се случувало, каде и која е и

Претплатете се за најнови вести