verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Искривена слика за наводен хаос и спин во полза на власта

на 2. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Расправија во СДСМ, кој е крив за неуспехот?]

  Текстот што го рецензираме покажува колку се поважни партиските и лични интереси од јавниот интерес и од она што е важно за граѓаните. Во еуфоричниот триумфализам поради „пропаст“ на референдумот за ГТЦ, медиумот без ниеден факт, без повикување на каков било извор, на граѓаните им дава искривена слика од настанот и го опишува како причина за наводниот хаос во опозицијата, со што, всушност, го демаскира целиот спин во полза на власта. Авторот само малку да ја согледал и анализирал реалната состојба и резултатите од гласањето на референдумот и да ги почитувал начелата на објективното новинарство, сигурно немаше да го напише ова. Особено зашто претседателот на Државната изборна комисија ги

Крв, крв, крв… зафатени сме од синдром на ширење паника

на 27. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Најавите за крв и насилство на Заев поддржани од Црвенковски кој е подготвен за првите редови]

  Овој текст треба да се набљудува во поширокиот контекст на информации кои овие денови ги лансираат медиумите блиски до власта: „Пукотници вo Кондово“, „Oпозицијата најавува крваво сценарио“, „Нападнати советници на ВМРО“, „Опозицијата бара крв на улици“, „Заев подготвува сценарио за насилие“… заплашување со терор и со крвави сценарија кои ги „подготвува опозицијата“. Затоа, овој текст, меѓу другото, треба да се чита како предупредување на она што може да предизвикаат медиумите, ширејќи невистини и извртувајќи ги фактите. Искривувањето на вистината, измислување факти и ширење страв и паника меѓу граѓаните почнува уште во насловот: „Најавите за крв и насилство на Заев поддржани од

Каде е веста? Што се случи со неа?

на 20. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Компании од Катар заинтересирани за инвестиции во Ѓорче Петров]

  Рецензираме уште еден сериски текст за надобудни средби на нашите политичари со делегации и со пријатели од Блискиот Исток, од Катар, кои треба да ни донесат инвестиции и благосостојба. Интересно е колку Катар може да биде убава тема за спинување на владините политики и притоа да не се испочитува ни еден елемент од школски пример како се пишува вест. Откако „инвестираа во сите краишта на Македонија“, на ред стигна и скопската општина Ѓорче Петров. И медиумот тоа го забележал, но како? Линк до оригиналниот напис: Компании од Катар заинтересирани за инвестиции во Ѓорче Петров Датум и време на објавување: 14.04.2015, 14:14 Датум на рецензирање: 16.04.2015 Рецензент: Александар Писарев

Нецелосна и искривена слика на средношколските протести

на 15. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Местото на учениците е во училница]

  За прашања од јавен интерес, за кои во општеството постојат различни мислења, новинарот, доколку сака да направи објективен, коректен и содржаен новинарски производ, треба да ги чуе двете страни. Во овој случај тоа не е направено. Направен е спин во полза на владините политики, со едностран поглед на општествениот проблем. Притоа, комплетно е елиминирана втората страна и мислењето на Народниот правобранител, кој со своето официјално писмо до министерот за образование дава корисни сугестии во врска со средношколските протести. Текстот има и заканувачки и наредбодавен тон и кон учениците и кон наставниците, со што медиумот зазема страна и ги прекршува начелата на Кодексот на новинарите на Македонија. Линк до оригиналниот напис: Местото

Измислени „Баба Роги“: Плашење со „Законот“ (кој закон?), Синдикатот и со ФООМ (Сорос)

на 8. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Нелегитимниот Средношколски пленум ги изложува учениците на ризик – законот пропишува глоба за родителите]

  Рецензираме текст кој не може да се нарече коректен новинарски производ. Не задоволува еден од основните критериуми на новинарската професија – не е јасен, не е содржаен, информациите во него не се точни. Не само што се обидува да манипулира со граѓаните, туку со погрешна интерпретација на закон, чиј целосен назив го крие, уште во насловот ги заплашува родителите, внесува во нив и во учениците немир и повикува на мобилизација против легална и со устав дозволена граѓанска активност – право на протест и јавно изразување на незадоволство. Линк до оригиналниот напис: Нелегитимниот Средношколски пленум ги изложува учениците на ризик-законот пропишува глоба за родителите

Манипулации, дискредитации, измислици и невистини

на 6. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Скандалозното барање на Ангелов за сојузништво со УЧК наиде на остра осуда од народот]

  За овој текст не е потребно големо познавање на новинарските стандарди за да се прочита спинот и манипулација со граѓаните. Медиумот се обидува да каже нешто во „име на народот“ иако народот воопшто не е прашан што мисли за темата која новинарот ја отвора. Во текстот се пласирани уште две многу опасни тези.

Атанас Кировски, директор и глодур на „Телма“: Во новинарството мора да се случи катарза

на 3. 04. 2015 | |
Атанас Кировски, директор и глодур на телевизија „Телма“.  Фото: ФБ (преземено со дозвола)  

Атанас Кировски е новинар и политички аналитичар. Кариерата ја почна во Радио Скопје во осумдесетите години од минатиот век. Бил уредник на вести на ТВ „А1“, од 1995 до 2007 година бил дописник на „Би-Би-Си“ од Македонија, од 2008 до 2011 година – главен уредник на неделникот „Форум“. Откако претходниот директор и главен уредник на „Телма“,

Рецензија: Таен документ од Виена открива дека Австроунгарија ги создала Албанците како нација

на 29. 03. 2015 | | sq
  Како и во слични текстови, не е презентирана вистина поткрепена со факти и со докази, туку површно толкување на еден дел од поновата историја на регионот. Текстот е пласиран како авторски, без потпис, а, всушност, се работи за превод на идентичен текст од српските медиуми „Курир“ („Аустроугарска створила Албанце“) и „Веб трибуне“, („Ово се крије од Срба…“), без притоа да се нагласи изворот или да се даде линк кон оригиналната верзија, со што се прекршени стандардите на професијата и се изманипулирани читателите. Целиот проект е направен непромислено зашто пренесување на еден таков текст може сериозно да ги наруши меѓуетничките односи во државата. Линк до оригиналниот напис: Таен документ од Виена открива дека Австроунгарија ги создала Албанците како нација Датум

Напис како трансмитер на говор на омраза

на 25. 03. 2015 | |
 

[Рецензија: Пандов: Македонија е нападната од домашни шпиуни и предавници]

  Овој текст има проблем со лошо пренесена изјава на соговорникот кој отворено повикува на мобилизација, ликвидација и притоа употребува говор на омраза и непристоен вокабулар кој не е прифатлив за објавување во медиум. На тој начин се прекршени одредбите на домашните и на меѓународните кодекси на новинарите, кои за вакви пригоди предвидуваат посебна процедура со која на новинарот му се дава право на соговорникот или политичар да му ја ограничи слободата на говорот. Линк до оригиналниот напис: Пандов: Македонија е нападната од домашни шпиуни и предавници Датум и време на објавување: 22.03.2015, 13:37 Датум на рецензирање: 23.03.2015 Рецензент: Александар Писарев  

НОВИНАРОТ НЕ Е МЕГАФОН

Земен е еден

Рецензија: Граѓаните го препознаа мрачното сценарио на Зоран Заев

на 23. 03. 2015 | |
  Текстот што го рецензираме, и покрај најдобрата волја и толеранција, тешко би можел да се именува како објективен, одговорен, вистинит и критички. Може да се протолкува единствено како спин да се измамат граѓаните, а медиумот што повеќе да ѝ се умилкува на власта. Со ширум затворени очи, дава пресек на состојбата во опозициската партија и на политичката сцена во државата. Притоа, го перцепира само она што може да го види во медиумскиот мрак, па без и еден аргумент констатира дека по активирање на серија „бомби“ во СДСМ владее вистинска катаклизма, партијата ја загубила и онака слабата доверба кај граѓаните, а и домашната и меѓународната јавност апсолутно не се заинтересирани за она што го прави опозицијата со „бомбата“. Дали е

Претплатете се за најнови вести