verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Јавниот интерес не е во скршениот прст на градоначалникот

на 3. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Kоце Трајановски со скршен прст на велосипедско дефиле (ФОТО)]

  Рецензираме кратка вест од велосипедско дефиле, во која централната тема на настанот е градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Прашањето во рецензијата е: имало ли причина толкаво значење да му се придаде на скршениот прст на градоначалникот или во прашање е спинот за да се покаже колкава „жртва“ поднел тој за да се качи на велосипед и тоа со скршен прст, кој така гордо го покажува на граѓаните. Линк до оригиналниот напис: Kоце Трајановски со скршен прст на велосипедско дефиле (ФОТО) Датум и време на објавување: 28.06.2015, 12:55 Датум на рецензирање: 30.06.2015 Рецензент: Александар Писарев  

СПУШТЕНА ИЛИ КРЕНАТА РАКА ?

Ја разбираме повредата на градоначалникот, но, сепак, можел

Злоупотребено името на Жан-Клод Јункер

на 20. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Жан-Клод Јункер потврди дека стои зад комесарот за преговори и соседска политика, Јоханес Хан]

  Доволно e само да се отвори линкот и да се види што кажал Маргаритис Схинас, портпарол на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, па потоа тоа да се спореди со писанието што го рецензираме. Името на Жан-Клод Јункер е злоупотребено за да се направи манипулација и на читателите да им се сервирaат информации нарачани од власта, а спин-мајсторот тоа многу вешто и технички и во конструкција на речениците во првиот дел од текстот и на неговиот крај, го извел така за да се добие привид дека претседателот на ЕК „безрезервно“ ја подржува политиката на Владата и го „кара“ лидерот на опозицијата Зоран Заев

Веќе видена проѕирна манипулација

на 16. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Господине Заев дали разбирате што зборуваме?“ – детали од преговорите во Брисел]

  Ако уште на почетокот на преговорите за решавање на политичката криза во државата било договорено дека деталите од она што ќе се зборува зад затворените врати нема да се изнесуваат во јавност додека не се постигне договор и дека комуникацијата со медиумите ќе се одвива преку соопштенија, се поставува отворено прашање – дали текстот

Рецензија: Заев ја турка државата во нова поголема криза

на 14. 06. 2015 | |
Рецензираме петнаесетина реда, нешто што не е потпишано и што не може да се дефинира дали е вест, информација, коментар, колумна. Уште полошо, тоа што е напишано не знаеме ни дали е точно ни на кого прецизно се однесува, дали на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој е обвинет за неуспехот на преговорите во Брисел, или на медиумите кои ја „креирале“ неговата позиција и кои се оквалификувани како негови и

Строго контролиран и дисциплиниран пристрасен новинарски производ

на 7. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Избори во април, техничка влада нема- постигнат е договор за излез од кризата]

  Текстот отвора дилема дали е ова извештај од истиот настан во резиденцијата на Делегацијата на ЕУ на кој присуствувале и другите медиуми и дали и тие ја слушнале истата изјава на еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, по средбата со партиските лидери, или, непотпишаниот автор, кога требало да го напише текстот,

Убава плата, но дали е тоа вистина?

на 1. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Никој не сака да биде заварувач, а платата е 1500 евра]

  Насловот и најавата во овој текст се силни и добро го продаваат производот, но внатре е „мачка во вреќа“. На прв поглед мислите дека читате одлична вест и веќе се одлучувате за идно занимање – заварувач, бидејќи медиумот ви соопштува дека оваа професија заработува месечно 1.500 евра. Убава плата, но дали е тоа вистина? Линк до

Демони, духови, ѓаволот и „Евровизија“

на 31. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Не е до песната, во прашање е нешто друго: Еве зошто Шведска победи на Евросонг]

  Текстот нема никаква друга цел, освен со една горка пилула да ни ја расипе посластицата и убавото доживување од годинашната „Евровизија“ и победничката песма на Манса Зермерлев „Херои“. Непотпишаниот автор параноично, со конструкции и со измислици, во целата манифестација гледа некаков светски заговор на „декадентниот Запад“ против источното христијанство. И тоа, „срам да им е“, баш на Духовден (според Католичкиот календар). Се одлучува за тривијалност и за сензационализам како средство за манипулација со читателите. Линк до оригиналниот напис: Нее до песната, во прашање е нешто друго: Еве зошто Шведска победи на Евросонг (линкот не работи, текстот е повлечен) Датум и

Непочитување на плурализмот на идеи и на ставови

на 28. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Скандалозно интервју на Заев ги открива неговите планови]

  Рецензираме кратка вест која според датумот и времето на објавување е почеток на канонада во провладините медиуми против лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, само затоа што во интервјуто на косовската телевизија слободно го искажал своето мислење околу потребата граѓаните на Македонија да го научат и aлбанскиот јазик. Веста отвoра дилема дали граѓаните кои не се Албанци, а зборуват или учат албански се антимакедонци. Линк до оригиналниот напис: Скандалозното интервју на Заев ги открива неговите планови Датум и време на објавување: 24.05.2015, 16:04 Датум на рецензирање: 26.05.2015 Рецензент: Александар Писарев  

ФАБРИКА ЗА „НЕПРИЈАТЕЛИ“

Препознатлив по масовно производство на непријатели, медиумот со овој текст му го ускратува на

Измислени изјави како вовед во застрашувачко сценарио

на 15. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ и Заев за 17 мај подготвуваат украинско сценарио за Македонија]

  Жанровски, ова што го рецензираме, би требалo да биде вест. Авторот уште во насловот ѝ дава ексклузивност со тоа што категорички тврди дека „лидерот на опозицијата Заев за 17 мај подготвува украинско сценарио за Македонија“. Кога би било точно, не само што е ексклузивна информација, туку е и вознемирувачка и повикува на мобилизација тоа да не се случи.
За среќа, авторот тоа што го тврди со ништо не може да го докаже, а за да манипулира со читателите, се повикува на извори кои тоа не се. Заклучуваме дека се работи за едностран, необјективен и несодржаен текст, во кој се пласирани непроверени информации, поткрепени со сомнителни и

Вознемирувачка и застрашувачка порака, вознемирувачка и застрашувачка фотографија и сето тоа без контекст

на 6. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Груевски: На секое нарушување на мирот, ќе биде жестоко одговорено и возвратено]

  Ако под ваков наслов: „На секое нарушување на мирот, ќе биде жестоко одговорено и возвратено“ медиумот стави слика со колона борбени возила во формација со спремни митралези, и тоа го објави во пресрет на најавените демонстрации против Владата на 17 мај, граѓаните нема да останат рамнодушни без оглед на која политичка опција припаѓаат. Линк до оригиналниот напис: Груевски: На секое нарушување на мирот, ќе биде жестоко одговорено и возвратено Датум и време на објавување: 02.05.2015 16:42 Датум на рецензирање: 03.05.2015 Рецензент: Александар Писарев  

КРАТКО И НЕЈАСНО

Станува збор за краток, но содржински нејасен текст во кој е пренесен говор на политичар. Не знаеме дали

Претплатете се за најнови вести