verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Подметнување и неразбирливи инсинуации на сметка на специјалната обвинителка

на 18. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ на иста линија со Јанева-едно им вели на колегите, друго на медиумите]

  Во текстот што го рецензираме, уште во насловот, „СДСМ на иста линија со Јанева…“, без аргументи, авторот си дозволува подметнување на неразбирливи инсинуации на сметка на специјалната обвинителка и поврзување на нејзината работата со опозициската партија СДСМ. Во интерес на вистината и на објективното новинарство, мораме да кажеме дека тоа е злоупотреба на медиумот во политички цели и дека тоа што овие денови ѝ се случува на специјалната обвинителка Катица Јанева е недозволиво и без преседан. Линк до оригиналниот напис: СДСМ на иста линија со Јанева-едно им вели на колегите, друго на медиумите Датум и време на објавување: 16.10.2015, 17:22 Датум на рецензирање: 17.10.2015

Диригирана и со ништо непредизвикана хајка

на 15. 10. 2015 | |
   

[Рецензија: Трет ден молк од специјалното обвинителство за мегаломанските барања]

  Сите медиуими се слободни, имат право да пишувaт за сè што е од јавен интерес, но тие информации мора да бидат точни, вистинити и покриени со факти. Во овој текст тоа не е случај. Се работи за очигледен почеток на диригирана и со ништо непредизвикана хајка против специјалната обвинителка Катица Јанева. Хајка, која според она што во моментот се случува во медиумите, ќе трае со месеци, а ќе се управува од многу моќни центри на актуелната власт, кои ќе се обидуват на секој чекор да ѝ стават сопки и да ја спречат во работата. Линк до оригиналниот напис: Трет ден молк од специјалното обвинителство за мегаломанските барања

Дијаспората како средство за дисквалификација на политички лидер

на 10. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ им врти грб на македонските иселеници поради очајната поддршка од народот]

  Машинеријата е покрената, нарачани текстови почнуват да ги преплавуваат медиумите. Во овој миг е актуелна дијаспората. Текстот што го рецензираме е прилагоден на потребите и на желбите на владеjачката партија за да се изврши притисок со кој моќните поединци, поврзани со разни интересни групи, сакаат да влијаат на донесување релевантни политички одлуки. Линк до оригиналниот напис: СДСМ им врти грб на македонските иселеници поради очајната поддршка од народот Датум и време на објавување: 04.10.2015 16:01 Датум на рецензирање: 09.10.2015 Рецензент: Александар Писарев  

СПИНУВАЊЕ – РАДУВАЊЕ

Содржината е класично спинување за да се изманипулира јавноста, да се најави нешто што власта го посакува и да

Сечено, лепено, монтирано, креирано

на 23. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Што се и зошто криеле во СДСМ од нас?!]

  Надзорот над медиумите е една од најдобрите алатки за следење на нивната општествена улога и професионалноста со која тие пристапуваат во вршење на својата функција. За ова што го рецензираме може да се каже дека е крајно непрофесионално, некоректно и манипулативно и би можело да се категоризира во нова новинарска форма – сечено, лепено и монтирано. Со една единствена цел – да се дисквалификуваат опозицијата и нејзините први луѓе и да се изманипулират граѓаните. Нарушени се сите принципи на новинарството: непристрасност, објективност, вистинитост.

Линк до оригиналниот напис: Што се и зошто криеле во СДСМ од нас?! Датум и време на објавување: 20.09.2015 17:30 Датум на рецензирање: 22.09.2015 Рецензент:

Насила импутирано признание преку изјава превртена на глава

на 21. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: На Заев не му пречи да ги навредува сопартијците-признава дека бомбите се фарса и недокажуват ништо]

  Во информациите, кои се очигледно намерно срочени во еден центар, тешко е да се дефинира кој прв објавил вест, информација, колумна која се мултиплицира во целата владина пропагандна машинерија, стереотипизирајќи го лидерот на опозиција Зоран Заев како „лоше момче, манипулант, криминалец, лажго“… Текстот што го рецензираме за неколку часа е објавен и во другите најекспонирани медиуми блиски до власта: Сител, Канал5, Пулс24, Денешен, Нетпрес…, па подолу кажаното важи и за нив. Станува збор за интервјуто на лидерот на опозицијата Зоран Заев во емисијата „Вин вин“ со новинарката Оливера Трајковска на телевизијата „24Вести“, при што се неколку реченици извадени од контекст и

„Есеј-турлитава“ полн со сарказми, навреди и со омраза

на 17. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Заевото ново руво]

  Политичките мотиви кои се лансирани во овој текст се доволно очигледни. Тековната кампања за демонизација на политичкиот противник во овој случај, СДСМ и неговиот лидер Зоран Заев, заокружена е во вид на пропагандна стереотипна „теревенка“ преточена во овој, како новинарска форма недефиниран текст. Се случува во сенка на завршницата на изборот на специјалниот обвинител што во корен ќе ја промени политичката клима во државата. Линк до оригиналниот напис: Заевото ново руво

Датум и време на објавување: 12.09.2015, 09:37 Датум на рецензирање: 15.09.2015 Рецензент: Александар Писарев  

ПАРАКНИЖЕВНОСТ

Текстот има амбиции да биде паракнижевност што се гледа и од овој цитат: „Про­ѕир­на­та фа­ци­јал­на екс­пре­си­ја на са­мо­прог­ла­се­ни­от мур­тин­ски спа­си­тел го из­да­ва се­кој не­гов обид за ла­га,

Манипулација со лековерните граѓани

на 8. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Дијабетес и ракот се измислени болести !]

  Во деведесеттите години на минатиот век, Алан Чумак, контроверзиниот Русин-Украинец чие вистинско постоење во светот на алтернативна медицина никогаш не е докажано, ги лекуваше луѓето преку своите фотографии објавени во весниците. И, знаете ли колку луѓе се фатија на таа глупост? Се прашувам, тогаш да постоеја интернет и „Фејсбук“, дали ќе лекуваше и преку нив. Како било, со неговите фотографии медиумите во поранешната СФРЈ и на Балканот неверојатно многу ги креваа тиражите. Текстот кој го рецензираме ме потсетува на тоа време. Линк до оригиналниот напис: Дијабетес и ракот се измислени болести ! Датум и време на објавување: 3.09.2015 Датум на рецензирање: 7.09.2015 Рецензент: Александар Писарев  

НОВА СЕНЗАЦИЈА ЗА НАИВЕН

Повторно визи за Германија? Тоа, едноставно, не е точно!

на 3. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: ПОВТОРНО ВИЗИ ЗА ГЕРМАНИЈА: Се враќа визниот режим за земјите од Балкан]

  Ова е ударниот наслов на информацијата за која веднаш, на почетокот од рецензијата, мораме да кажеме дека не е вистина. Кои се мотивите и зошто требало да се објави една ваква вознемирувачка и несодржајна вест, која потоа ја пренеле десетина други медиуми, навистина не е јасно, освен ако некој намерно сакал да го сврти вниманието на граѓаните од многуте други проблеми и воедно да ги исплаши?

Линк до оригиналниот напис: ПОВТОРНО ВИЗИ ЗА ГЕРМАНИЈА: Се враќа визниот режим за земјите од Балкан Датум и време на објавување: 29.07.2015 Датум на рецензирање: 31.07.2015 Рецензент: Александар Писарев  

НЕРАЗБИРАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ

Во ударниот дел од информацијата се

Текст набиен со емоции без простор рационално да се примат пораките

на 29. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ во брутална пресметка со медиумите за добивање на контрола врз нив]

  Рецензираме пропагандно манипулативна содржина која има цел на брутален и вулгарен начин, покажувајќи доза омраза кон своите колеги од еснафот, да се стави во одбрана на владината политика и „демократија“ и да ја обвини опозицијита дека „на мала врата“ сака да је преземе Агенцијата за медиуми, а со тоа, според нивното толкување, и контролата врз медиумите. Тоа, во периодот кој следува на политичката сцена во државата, за власта би било погубно. Линк до оригиналниот напис: СДСМ во брутална пресметка со медиумите за добивање на контрола врз нив Датум и време на објавување: 27.07.2015 12:52 Датум на рецензирање: 28.07.2015 Рецензент: Александар Писарев  

„ФЕЈСБУК“ НЕ Е

Mалолетно девојче злоупотребено за политичка пресметка

на 24. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Додека вие и вашите деца се печете, ќерката на Заев на јахта!]

  Текстот што го рецензираме може да се окарактеризира единствено како кафански примитивизам и фото-тероризам, а не како новинарски производ. За да ја прекине медиумската „забава“ со контроверзните очила на премиерот и да им ја „намали цената“, а притоа да отвори и хајка против лидерот на опозицијата и неговите соработници, медиумот објавува примитивен текст за летување на ќерката на претседателот на опозициската партија, Зоран Заев, кој не е поткрепен со ниту еден факт. На бизарен начин, и спротивен на сите новинарски стандарди, со преземање на нејзината фотографијата од ФБ-профилот, под наслов „Додека вие и вашите деца се печете, ќерката на Заев на јахта!“, го злоупотребува малолетното

Претплатете се за најнови вести