verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Рецензија: Коце-македонскиот Џон Вејн

на 14. 11. 2013 | |
Веста има само една реченица. Дека Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје, со пукање од пиштол означил старт на ноќната трка низ Скопје. Кога ќе ја прочитате, или ќе го погледнете прилогот, немате јасна слика за што се работи. Дали е тоа само најава на вест, цела вест или се работи за техничка грешка при што заборавиле да го „закачат“ прилогот. Линк до оригиналниот напис: Коце-македонскиот Џон Вејн Датум и време на објавување: 10.11.2013 18:29 Датум на рецензирање: 13.11.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Вистина е дека Коце Трајановски означил старт на трката, но дали имало учесници не знаеме, бидејќи и на фотографијата за најава на прилогот и во самиот прилог го гледаме само Коце Трајановски како двапати пука од пиштол за

Рецензија: Заборавил кај паркирал – го барал возилото пет месеци

на 12. 11. 2013 | |
Одлично изработена вест со одговор на сите пет новинарски прашања: кој, што, каде, кога и како. Кога ќе ја прочита, на читателот му е потполно јасно што му се случило на Андерас Оберпертингер за време на Октоберфест во Минхен. Си го загубил автомобилот. Па, ако е толку добро напишана, зошто ја рецензираме? Линк до оригиналниот напис: Заборавил кај паркирал – го барал возилото пет месеци
Датум и време на објавување: 8.11.2013  15:42 Датум на рецензирање: 11.11.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Веста се потпира на изјавата на портпаролот на полицијата во Минхен и на изјавата на сопственикот на загубениот автомобил, која ја пренеле италијанските и германските медиуми. Цитатите се преземени со почитување на Кодексот на новинарите на Македонија со јасно нагласен

Рецензија: Грција вознемирена од средбата во Берлин

на 12. 11. 2013 | |
Грција вознемирена од средбата во Берлин“ е насловот кој делува примамливо за читателите, со оглед на деценискиот спор помеѓу Македонија и Грција за името и вртењето во круг околу можното решение. Авторот тврди дека Грција е вознемирена. Наместо анализа на причините за вознемиреност, која ќе биде водена од аргументите со кои авторот го поткрепува своето тврдење, имаме лоша и неуспешна компилација на текстови поврзани со средбата Меркел-Нимиц, кои

Рецензија: Куќите во Центар ќе останат само на семејните фотографии

на 8. 11. 2013 | |
 Текстот помалку или повеќе ни го кажува она што го знаеме, дека полека ги губиме од сеќавање убавите стари градски квартови и маала. Во Дебар маало, Кисела Вода и Карпош старата градска архитектура исчезнува, а на нивни места никнуваат нови деловно станбени објекти, шопинг центри и мега проекти на надежните архитекти и инвеститори. Интересно е што текстот открива дека со нивното рушење и со маркичките за нови згради за колективно живеење на тие места, градежното земјиште на овие локации достига астрономски цени.
Тоа е само еден аспект со кој се занимава авторот. Темата која што се отвора има и сериозни архитектонско урбани и социолошки проблеми, кои не се опфатени и поради тоа ја рецензираме. Линк до оригиналниот напис: Куќите во

Како да се пренесат зборови на политичар кога во нив има елементи на говор на омраза

на 8. 11. 2013 | | sq

Најопасно е преку медиумите да се  шират омразата и предрасудите, бидејќи тоа најчесто завршува со насилство. Медиумите што шират и пренесуваат говор на омраза, се соучесници во можните злосторства што произлегуваат од неа. Новинарите и медиумите се одговорни за содржините што ги пласираат или ги прикажуваат без оглед на тоа кој ги произведува.

  Пишува: Александар Писарев Најчесто политичарите се тие кои се спомнуваат дека произведуваат говор на омраза, при

Рецензија: Извршена конзервација на римската кула во Хераклеја

на 4. 11. 2013 | |
Според информацијата добиена од Министерството за култура, завршена е првата фаза од реконструкција на римската кула на локалитетот Хераклеја Линкестис кај Битола. Кулата е од камен, со пречник од 7.7 метри. И, толку. Линк до оригиналниот напис: Извршена конзервација на римската кула во Хераклеја 
Датум и време на објавување: 24.10.2013 Датум на рецензирање: 2.11.2013   09:25 Рецензент: Александар Писарев Содржајност: Во три пасуси се повторува иста констатација: „Завршена е првата фаза од конзерваторско-реставраторските  зафати за кружната кула“. „Извршена е конзервација и реконструкција на кружната кула.“ „Стручните екипи на Завод и музеј –Битола  извршиле конзервација“…  Кога читателот, во текст од 12 реда ќе прочита три пати по три реда со иста содржина може само да каже „Па што, ако е извршена конзервација“.

Рецензија: Тешко на пушачите: И полицајци ќе казнуваат за пушење на погрешно место ?!

на 31. 10. 2013 | |
Фактот дека веста е прочитана 4.140 пати покажува колкав е интересот на граѓаните за темите поврзани со пушењето на јавни места. Медиумот се обидел да соопшти дека се подготвува измена на Законот за пушење во Република Македонија. Велам се обидел, затоа што обидот му е неуспешен. Читателите очекувале да прочитаат точна информација какви измени ќе донесе новиот закон за оваа област, а не добиле јасен одговор на тоа прашање, освен што се проширени овласувањата на полицијата и даночните инспектори и дека поради тоа ќе биде „тешко на пушачите“.  Линк до оригиналниот напис: Тешко на пушачите: И полицајци ќе казнуваат за пушење на погрешно место ?!  Датум и време на објавување: 24.10.2013  13:30 Датум на рецензирање: 30.10.2013 Рецензент: Александар

Рецензија: Австријанците се против прием на Турција и балкански држави во ЕУ

на 20. 10. 2013 | | sq
Основата на текстот е дека според анкетата на Австриското друштво за европска политика, Австријците се уморни  од ширењето на Европската унија, а со тоа и од прием на новите членки од Балканот. Три четвртини од испитаниците сметаат дека ширењето на ЕУ е „малку“ или „целосно“ неважно. Тие се против прием на Турција, БиХ, Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија. Дадени се и проценти кои произлегуваат од анкетата. (Напомена: според правописот на македонскиот литературен јазик, жителите на Австрија се нарекуваат Австријци, а не Австријанци, термин кој што се користи во текстот што се рецензира и во неговиот наслов, кој се користи интегрално и како дел од насловот на рецензијата.)  Линк до оригиналниот напис: Австријанците се против прием на Турција и балкански

Рецензија: АЕК ќе гради 155 метарска телекомуникациска кула

на 16. 10. 2013 | |
Вовед: Главна вест во попладневниот дневник за почетокот на изградбата на антенската кула која ќе биде висока 155 метри, чија изградба ќе чини 17,6 милиони евра и ќе биде два пати повисока од Милениумскиот крст, повисока од висококатниците во Аеродром. Главниот акцент во информацијата е ставен на нејзината атрактивност и привлечност за многубројните туристи. „Тоа ќе биде атракција која ќе привлекува многу туристи, со неа Скопје ќе добие своја туристичка препознатливост“.  Потребата од нејзината изградба медиумот ја  „образложил“ со фактот дека ваквите кули се симбол на многу познати градови ширум светот и претставуваат  „магнет за туристите и посетителите“. Во последата реченица е информацијата за нејзината телекомуникациска функција и контрола на емитувањата од радиодифузерите, операторите и авијацијата. Линк до

Рецензија: Никој не бега од часовите по сексуално образование

на 13. 10. 2013 | | sq
Кратка и површна информација за пилот проект со кој во Србија во средните училишта е воведено сексуално образование. Медиумот со блага иронија зборува дека од овие часови не се бега и нема препишување, а предавачите  и учениците имаат другарски однос и слободно разговараат на оваа тема. Во текстот нема подлабоко навлегување во причините за воведување на овој предмет. Во написот се вели дека  доколку проектот успее, ќе се применува во цела Србија. Линк до оригиналниот напис: СРБИЈА: Никој не бега од часовите по сексуално образование Датум и време на објавување:  6.10.2013 17:29 Датум на рецензирање: 10.10.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Точно е дека во Србија како пилот проект е воведено сексуално образование, тоа го знаеме и од другите медиуми. Но,

Претплатете се за најнови вести