verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Рецензија: „Факом“ ќе го креира изгледот на плоштадот ВМРО

на 8. 01. 2014 | |
Вест која ја рецезираме изгледа сосема коректно и ги задоволува стандардите за овој вид новинарски производ.  Во десетина реда авторот објаснува дека на територија на Општина Центар ќе се уредува просторот пред седиштето на владеачката партија, при што ќе биде изграден новиот плоштад. Како таква, привлекува внимание на читателот од повеќе причини, но има само една мана со која ги нарушува стандардите на професионалното новинарство. Не знаеме дали е точна. Авторот никаде не го спомнува изворот на информацијата и поради тоа неговиот производ има негативна рецензија. Линк до оригиналниот напис: „Факом“ ќе го креира изгледот на плоштадот ВМРО
Датум и време на објавување: 04.01.2014,  12:15 Датум на рецензирање: 07.01.2014 Рецензент:Александар Писарев Вистинитост: Информацијата е сериозна, се спомнуват големи цифри

Рецензија: Жерновски остана без вработените

на 8. 01. 2014 | |
Рецензираме вест која е тенденциозна и која прикрива битни информации. Авторот не ѝ дава можност на вторта страна автентично да ја соопшти и својата вистина. Не е никаква тајна дека скопската општина „Центар“ е „трн во окото“ на владеjачката партија и дека медиумите блиски до власта користат секоја прилика да ја омаловажат, сатанизираат и понижат оваа општина зедно со нејзиниот градоначалник. Општината има реален проблем со бројни инспекции меѓу кои последната донела решение да ѝ се одземе лиценцата на Агенцијата преку која привремено се вработуваат лица со договор. Така, 32 лица се нашле на улица, со што е блокирана работата на локалната самоуправа. Медиумот за тоа пишува еднострано.
Иако градоначалникот на Центар детално ја објасни новонастаната ситуација, без притоа да

Рецензија: Крај на цивилизацијата што ја знаеме

на 31. 12. 2013 | |
Анализата како новинарска форма дозволува новинарот да го изнесе своето гледиште за одредени политики и за општествените премрежија, но притоа бара висок степен на познавање на проблематиката и придржување до фактите. Ако се отстапи од овие принципи, тогаш се влегува во сфера на манипулации, невистини, ширење дефетизам и страв кај читателите. Рецензираме баш таква надворешно-политичка анализа, во која меѓу редовите се препознава спинот, амнестирање на актуелната домашна политичка елита од неуспехот во Брисел, како и сугестија на која страна треба да се „заврти компасот“. Поедноставно кажано, со сета сила се повлекува „рачната кочница“ на нашиот пат кон ЕУ и НАТО и се сугерира друга опција: „Сјајната дипломатска игра на велемајсторската репрезентација на Русија, доведе до драматично сменета ситуација на штета

Рецензија: Хулиганска пресметка на Делии и Гробари во Куманово

на 30. 12. 2013 | |
Новинарот може да одбере повеќе начини како да компонира вест, но таа во секој случај мора да ги содржи основните елементи на оваа новинарска форма. Тоа подразбира да одговори на оние пет фамозни прашања кои ги повторуваме во „секоја“ рецензија. Во овој случај рецензираме „нешто“ што би требало да се нарече вест, но е далеку од тоа. Линк до оригиналниот напис: Хулиганска пресметка на Делии и Гробари во Куманово
Датум и време на објавување: 25.12.2013, 14:13 Датум на рецензирање: 28.12.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Не може да се докаже дали ова навистина се случило, бидејќи во веста  нема одговор на основното прашање: „кога“?. Извори на информации: Се повикува на информација од полицијата дека :„двајца кумановци ќе одговараат

Рецензија: Собранието расправа за законите за медиуми

на 26. 12. 2013 | |
Во сериозните новинарски производи се води сметка за јавниот интерес (интерес на сите граѓани без оглед на нивното политичко, верско и друго определување) и информациите или извештаите од теренот се подготвуваат имајќи го предвид токму јавниот интерес. Доколку се работи под притисок на одредена политичка клима или доминантна идеологија кои директно влијаат на начинот како одредена информација ќе се обработи и пласира во јавноста, добиваме неточни, некоректни и недовршени вести и извештаи. Такви новинарски производи оставаат многу отворени прашања и не придонесуваат за развојот на демократијата. Затоа им даваме негативна рецензија. Линк до оригиналниот напис: Собранието расправа за законите за медиуми   Датум и време на објавување: 25.12.2013  14:15 Датум на рецензирање: 25.12.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Освен со невистинит, ни

Рецензија: Психијатриско тестирање за несовесните возачи?

на 25. 12. 2013 | |
Авторот се обидува да ги пронајде и лоцира причините за сообраќајниот метеж во Тетотово. Во тоа „успева“ и констатира дека: „единствената причина за ова е зголемена раздвиженост пред новогодишните празници и голем број печалбари кои се дојдени во овој град за празниците, а не водат сметаката каде ги паркираат своите автомобили“…Решението го гледа во: „барањето на дел од експертите“ несовесните возачи да се упатуваат на психијатриски преглед и лекарот да им забрани управување со моторно возило. Линк до оригиналниот напис: Психијатриско тестирање за несовесните возачи? Датум и време на објавување: 22.12.2013,  18:09 Датум на рецензирање: 23.12.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Веројатно е вистина дека во Тетово има сообраќаен метеж, бидејќи тоа е вообичаена слика во сите градови пред новогодишните

Рецензија: ЕУ ја „плесна“ Грција со хашката пресуда!

на 23. 12. 2013 | |
Како и секоја година крајот на декември е период на  завршните состаноци и оценките на ЕУ на кои, меѓу другото, се усвојуваат заклучоци и препораки за напредокот на земјите аспиранти за полноправното членство. Така и оваа недела помина во дискусиите кои се однесуваат на евроинтергациите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија и Косово. Според информациите што можат да се прочитаат на сајтовите на ЕУ, на 17. 12.2013   усвоени се заклучоците за напредокот на сите земји кои се на европскиот пат. За Македонија и БиХ беше јасно дека не можат да очекуваат ништо и дека не треба да се надеваат на позитивен извештај. Тоа е вистината и реалноста за Македонија. Овде целиот процес се посматра со друга „диоптрија“

Рецензија: Повик до муслиманите во Чаир: Немој да славиш, плаши се од Алах

на 20. 12. 2013 | | sq
Веста, според стандардите на новинарската професија, треба да биде брза, кратка и јасна, но не треба да биде брзоплета, непроверена, тенденциозна, вознемирувачка… Рецензираме таква „вест“, илустрирана со фотографија за која не знаеме каде е снимена, а која вознемирува, заплашува и создава раздор во мултиетничка и мултиконфесионална средина. Според текстот, во населбата Чаир муслиманите се повикани да го „нокаутираат“ Дедо Мраз и да не слават Нова година. Линк до оригиналниот напис: Повик до муслиманите во Чаир: Немој да славиш, плаши се од Алах  Датум и време на објавување: 18.12.2013, 10:36 Датум на рецензирање: 19.12.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Не знаеме, а не можеме ни да провериме дали оваа вест е точна. Немаме извор на информација, не знаеме колку такви фотографии со

Кои фактори влијаат врз вест и извештај?

на 18. 12. 2013 | | sq

Новинарите не се повеќе само собирачи на вести. Од нив се очекува да истражуваат, да бидат критични према опкружувањето во кое живеат, но и да бидат проактивни, да покренуваат јавна дебата за сите теми од општествен интерес. Тоа значи дека медиумите мораат да бидат одговорни, бидејќи се занимаваат со јавна работа.

За да бидат спремни за овие предизвици новинарите треба да поседуваат голем фонд на знаење, континуирано да се образуваат

Рецензија: Поддржувачи на опозицијата поттикнуваат тензии

на 15. 12. 2013 | |
Написот е посветен на последните настани околу споменикот на Цар Душан. Цитирани се и коментирани ставовите и мислењата на групи, поединци, новинари и експерти, изкажани на социјалните мрежи. Медиумот ги доведува во директна колерација со опозицијата и некои други структури. При тоа, ги стигматизира, етикетира, цензурира и се обидува да им го ограничи нивното право да имаат свое мислење и слободно да го искажат, наметнувајќи го своето мислење како единствено исправно. Линк до оригиналниот напис: Поддржувачи на опозицијата поттикнуваат тензии
Датум и време на објавување: 07.12.2013, 16:09 Датум на рецензирање: 10.12.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост:  Во овој новинарски текст лагата е начин на комуницирање со јавност за на спротивната страна да ѝ обезбеди  „преживување“, сметајќи на тоа дека стопати изречената

Претплатете се за најнови вести