verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Administrator

Конкурс за најдобра колумна на тема „Говорот на омраза не е слобода на изразување“

на 20. 05. 2016 | | sq
Фото: flickr   Цел на конкурсот е да се поттикнат младите колумнисти на креативно изразување на темите „Говор на омраза“ и „Слобода на изразување“, но и да се актуелизира проблемот со говорот на омраза кој се обидува да се маскира или легитимира како слобода на изразување. Конкурсот е наменет за студенти, средношколци, граѓански активисти и за сите млади творци во Република Македонија. Колумните на тема „Говорот на омраза не е

ССНМ најостро го осудува текстот на Мирка Велиновска

на 27. 04. 2016 | | sq
27 април 2016 ССНМ најостро го осудува текстот на Мирка Велиновска во кој се врши медиумски линч врз припадници на левичарското движење Солидарност и врз членови на партијата Левица, наши соборци во Повелбата за солидарност за заштита на работничките права. Како Синдикат на новинари, ССНМ е дополнително провоциран да реагира на содржината, која претставува повеќе безбедносно-разузнавачки текст, напишан во духот на „најдобрата“ традиција на хушкашкото творештво, кое, за жал, и

Соработката меѓу граѓанскиот сектор и медиумите, клучна за доброто владеење

на 6. 04. 2016 | | sq
Соработката меѓу граѓанскиот сектор и медиумите е исклучително битен фактор кога е во прашање влијанието врз доброто владеење и поттикнувањето на граѓаните да бараат отчетност од државните институции и да бидат вклучени во креирањето на јавните политики. До ваков заклучок дојдоа присутните на вчерашната тркалезна маса на тема „Граѓанскиот сектор и медиумите за добро владеење“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, на која беше означен почетокот на

Новинарот Мамучевски избркан од седница на Советот на Општина Берово

на 5. 04. 2016 | | sq

[Новинарот Мамучевски спречен од градоначалникот да си ги извршува обврските. Фотографија од фејсбук-профилот на Јане Мамучевски]

  На 4 април 2016 година, на сопственикот на порталот „Малешевски весник“, Јован Мамучевски, на дрзок и на недозволен начин му било оневозможено да ја следи вонредната седница на Советот на Општина Берово. Причината за ваквиот чин на загрозување на правото на информирање, според Мамучевски, е фактот што тој  ги критикувал локалните власти дека Берово наместо на туристички град, наликува на дива депонија поради купиштата неисчистен смет. По повод отстранувањето на Мамучевски од вонредната седница на Советот на Општина Берово, тој на својот ФБ-профил напиша: „Денеска се случи невидена дискриминација од страна на градоначалникот на Берово, Драги Наџински, кон новинарот Јане Мамучевски. Срамно. По

Совет за етика: „Вест“ манипулира и ја извртува вистината

на 29. 03. 2016 | | sq
  Насловот кој предизвика силни реакции. Фото скриншот   Скопје, 29 март, 2016 – 12:56 (META)  Советот за етика во медиумите остро реагира на „тенденциозното известување“ на повеќе медиуми околу вчерашното обраќање на обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференцијата организирана од Специјалното јавно обвинителство. Од Советот за етика велат дека особено ги осудуваат наводите на насловната страница во денешното издание на дневниот весник „Вест“  и дека обидите за манипулација и за извртување на вистината се очигледни, а вчерашниот настан и обраќањето на обвинителката се врамуваат на погрешен начин и во погрешен контекст. Главен и одговорен уредник на весникот од неодамна е Горан Петрески, кој во весникот премина од уредничката позиција на информативната редакција на јавниот радиодифузен сервис. „Таквото известување може да

Анализа: Слободата на изразување и здружување во медиумите во 2015 година

на 18. 03. 2016 | | sq
Критичките граѓани, постојана мета на напади во провладините медиуми НВО Инфоцентарот во рамките на проектот „Застапување за слободата на изразување“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, постојано ја следи состојбата со слободата на изразување и со слободата на здружување во Република Македонија. Овој извештај подготвен во соработка со Центарот за развој на медиуми го опфаќа известувањето на медиумите за темите поврзани со слободата на изразување и со слободата на здружување, во периодот 15 јануари – 25 декември 2015 година. Дека 2015 година беше година на исклучително зголемен и засилен граѓански општествено-политички ангажман, покрај пресекот на најважните случувања, покажува и надзорот на медиумското покривање на настаните поврзани со слободата на изразување и

Никола Младенов – Живот подарен на новинарството

на 11. 03. 2016 | | sq, en
Никола Младенов, новинар и основач на „Фокус“. Фото: Фокус

На денешен ден пред точно 52 години* е роден Никола Младенов. Човекот кој важи за еден од творците на македонската пролет и новинарот кој најмногу ја задолжи кревката македонска демократија.
Само две недели по неговиот 49. роденден, вечерта на 26 март 2013 година, Младенов несреќно го загуби животот во сообраќајна несреќа.
Наредниве денови ќе се сеќаваме на него преку текстовите што по смртта му ги посветија колегите и пријателите.

  Пишува: Редакција „ФОКУС“   Фокус, 10 март, 2014 Почнувајќи како надежен млад актер, Никола Младенов ја пренасочува својата амбиција и кон средината на 1980-тите почнува со работа како новинар во „Млад борец“. Тој е еден од луѓето што ги воведе плуралистичките

Говор на омраза на телевизија „Канал 5“

на 10. 03. 2016 | | sq
  Телевизија „Канал 5“, со изјавите и со ставовите искажани од страна на Миленко Неделковски во изданијата на неговата емисија „Миленко Неделковски шоу“ емитувани на 15, 22 и на 29 јануари, на 5 и на 12 февруари 2016 година, поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на сексуална ориентација, со што го прекрши член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се вели во писмениот извештај за извршен програмски надзор реализиран од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Агенцијата укажува дека прекршувањето на законот се однесува на тоа што: „во неколку по ред последователни емисии кои се однапред снимени, телевизискиот програмски сервис на државно ниво ТВ Канал 5 носи уредничка одлука да му овозможи на

ЗНМ ги осудува притисоците врз новинарот Мухамед Зекири

на 7. 03. 2016 | | sq
Скопје, 7 март, 2016 – 12:29 (META) – Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро ги осудува притисоците и заканите на претставници на ДУИ врз новинарот на ТВ „Шења“, Мухамед Зекири. „Ваквите притисоци ја загрозуваат слободата на говорот и поттикнуваат самоцензура кај новинарите. Со закани и со притисоци врз новинарите, Македонија нема да се извлече од групата африкански земји, каде масовно се кршат медиумските слободи“, пишува во соопштението на ЗНМ. Од Здружението велат дека крајно лицемерно е ДУИ да ја убедува јавноста дека медиумите на албански јазик се послободни благодарение на нивното одговорно однесување како владејачка партија, а во исто време нивните челници да се закануваат на новинари. „Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како потписник на Договорот од Пржино, се

НВО Инфоцентар: Конкурс за новинарски стории

на 7. 03. 2016 | | sq
НВО Инфоцентарот во рамките на проектот „Демографијата – квалитет на живеење“  поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, распишува конкурс за новинарски стории. Новинарските стории треба да се однесуваат на некоја од следниве теми: демографија, миграции, попис, избирачки список. Предложените стории треба да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и етика и да содржат елементи на аналитика и на истражување. Секоја од

Претплатете се за најнови вести