verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Administrator

Проектите на „Метаморфозис“ претставени на водечката ТВ-емисија „360 степени“ на „Алсат-М“

на 20. 12. 2016 | |
Искуствата од проектите на Фондацијата „Метаморфозис“, кои се однесуваат на проверката на факти во медиумите и на (не)исполнувањата на изборните ветувања на партиите, беа претставени на водечката ТВ-емисија од информативен, репортажен и дебатен формат „36о степени“ на „Алсат-М“. Прилогот најпрвин провери како се исполнуваат пет случајно избрани ветувања на политичките партии, а потоа следуваше и разговор со уредникот на „Сервис за проверка на фактите во медиумите“, Владимир Петрески. Целата емисија можете да ја видите долу. Прилогот за изборните ветувања почнува од 18:38 секунди, а разговорот од 28:30 секунди.    

УСАИД почна проект за зајакнување на граѓанското општество

на 23. 11. 2016 | |
 
Скопје, 18 ноември, 2016 – 16:35 (META)
Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) го почна Проектот за граѓанско учество (CEP), кој претставува петгодишна иницијатива за поддршка на македонскиот граѓански сектор и на младинските организации кои ги вклучуваат граѓаните, приватниот сектор и владините институции во одлуките за прашања од јавен интерес. Проектот ќе ги поддржи граѓанските организации и коалиции на граѓански организации фокусирани на приоритетни прашања од интерес на граѓаните

СЕММ апелира на одговорност и на коректно известување за изборите

на 22. 11. 2016 | |
Понеделник, 21 ноември 2016, 8.03 часот, Совет за етика во медиумите на Македонија
Со почетокот на изборната кампања во Република Македонија, Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелира за целосна професионална одговорност во новинарството, промовирање партиципаторен политички процес и континуиран пристап на јавноста до релевантни и веродостојни информации. Медиумите не треба да дозволат да бидат манипулирани од политичарите и од другите актери во изборниот политички процес, бидејќи тоа значи директна

Ненадејно почина Владо Ѓорчев, новинар и уредник во „Мета“ и автор во „Сервис за проверка на факти во медиумите“

на 20. 11. 2016 | | sq
Владе Ѓорчев. Фото: Мета  

„Сервис за проверка на факти во медиумите“ остана без еден од своите најревносни и најредовни автори, кој во овие три и пол години  во рамките на проектот има објавено стотици рецензии и други текстови, а сите ние останавме без еден од нашите највредни колеги и новинарски професионалци

  Скопје, 20 ноември, 2016 – 11:18 (META) – Во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот колега Владо

„Не за неказнивоста!“ – ИФЕКС го одбележува 2 ноември со кампања

на 2. 11. 2016 | | sq

На 2 ноември се одбележува Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста* за злосторства против новинари, воведен со Резолуцијата на ООН од 2013 година. Во моментов, 9 од 10 случаи на убиства на новинари во светот се со статус нерешени и поминуваат неказнето. Ова води кон култура на неказнивост во која критичките гласови се замолчени, а на граѓаните им се ускратени точни информации за општествата во кои живеат.

Ратајкоски: МТВ ќе го казни вработениот што згрешил објавувајќи владини реклами

на 12. 09. 2016 | | sq

Скопје, 12 септември, 2016 – 15:20 (META) МТВ ја увидела грешката и ќе го санкционира вработениот што ја направил грешката со објавувањето на владини реклами, вели Диме Ратајкоски, главен и одговорен уредник на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија. Тој за „Мета“ вели дека по добиените насоки од Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги на 2 септември 2016 година, МТВ ги отстранила сите реклами финансирани од Влада на Република

СЕММ: Повеќе од 120 жалби за неетичност на медиуми

на 1. 07. 2016 | | sq
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во изминатата година и половина има добиено повеќе од 120 жалби на различни основи, беше соопштено на денешната прес-конференција на СЕММ. „Бројката на пристигнати жалби и интересот на граѓаните, но и на другите организации и институции влева надеж дека саморегулацијата како процес може да влијае позитивно врз подобрувањето на медиумскиот систем во земјата, кој во моментот е во криза од аспект на

Телевизиска проверка на факти – зашто политичарите лажат

на 21. 06. 2016 | | sq
Во рамките на годинешната POINT 5.0 конференција на невладиниот сектор од Запданиот Балкан, која се одржа во Сараево кон крајот на мај, беше организирана и маѓународна работилница за проверка на фактите на телевизија (TV Factchecking). Оваа дејност расте засилено и сега во светот има околу 100 операции за проверка на факти искажани во јавноста, пред сè, од страна на политичарите, во повеќе од 40 земји од светот. На работилницата беа присутни претставници од Фондацијата „Метаморфозис“: Владимир Петрески, уредникот на „Сервис за проверка на факти“, Теофил Блажевски, уредник/новинар во „Вистиномер“ и Симона Атанасова, новинар во Агенцијата „Мета“. Погледнете го видеозаписот од работилницата, изработено одколегите од босанскиот istinomjer.ba:

Отворен е натпреварот „Слободата на изразување во мини-видео 2016“

на 30. 05. 2016 | | sq
  Снимете мини-видео со вашиот мобилен телефон и бидете дел од Францускиот филмски фестивал! Бидете креативни, изразете се слободно низ видеоматеријал и освојте престој во Франција! ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ФОРМУЛАРОТ ЗА УПИС НА НАТПРЕВАРОТ Втора година по ред, Францускиот институт во Скопје и НВО „Метаморфозис“ го организираат натпреварот „Слободата на изразување во мини-видео“. Конкурсот е наменет за млади од 18 до 28 години. Секој учесник треба да сними видеозапис со мобилен

Новинарите на удар: Затворски казни за објавување и на прислушувани материјали од јавен интерес

на 21. 05. 2016 | |
Фото: Слободна Македонија   Собранието не ги испочитува „Заклучоците и препораките“ на Венецијанската комисија во однос на новодонесениот Закон за заштита на приватноста, кој треба да се применува од 1 јули 2017 година. Пратениците повторно донесоа закон со кој се предвидува затворска казна за објавување „прислушувани или тонски снимани разговори или делови од нив или нивни транскрипти, со кои се врши повреда на приватноста на личниот и семејниот живот“, без

Претплатете се за најнови вести