verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Administrator

Рецензија: Пештерски слики стари 5.000 години откриени во Мексико

на 28. 05. 2013 | |
Нема ништо проблематично во однос на текстот на објавената информација. Причината за реакција е фотографијата што е употребена за илустрација на текстот. Бидејќи станува збор за текст објавен на CNN, ќе беше добро ако беше употребена соодветна фотографија, какви што го следат текстот објавен на нивниот сајт. Во овој случај преведени се само неколку параграфи од изворниот текст, објавен на CNN, а употребена е фотографија на која е прикажан цртеж од пештерата Ласко во Франција.

Рецензија: Реакција на Министерството за финансии на извештајот на Standard&Poor’s

на 28. 05. 2013 | |
Државната агенција МИА крши еден од основните постулати во новинарството, а тоа е правилото да се слушнат двете страни. Таа објавува реакција на Министерството за финансии, но без каде било да го објави извештајот на Standard & Poor’s на кој Министерството реагира. Ова се прави и покрај фактот што овој извештај го има на сајтот на агенцијата за кредитен рејтинг и со неколку кликови тој многу лесно можел да се најде и да се објави.

Рецензија: Дали децата во градинките јадат соодветна храна на возраста?

на 27. 05. 2013 | |
Написот преку само еден пример ја генерализира состојбата во сите 55 градинки (податок од Министерството за труд и социјална политика), распоредени во 40-тина општини низ државата. Со тоа ем го пали алармот за паника кај родителите и ги доведува во заблуда за квалитетот на исхраната на нивните деца, ем не дава одговор на прашањето од насловот.

Рецензија: Педофил стрелан во Скопје во 1987 година!

на 27. 05. 2013 | |
Владејачката политика, во рамки на нејзината борба против педофилијата, донесе одлука за јавно објавување на имињата на лицата кои се казнети како сторители на ова кривично дело. Наспроти отпорот на дел од граѓанските активисти, овој став се спроведе во практиката. Но, неодамна Уставниот суд одлучи, со мнозинство гласови, да отвори постапка за преиспитување на ваквата одлука на властите.

Рецензија: Жерновски и Шиповиќ ќе набавуваат нови возила за Центар

на 22. 05. 2013 | |
. „Жерновски ги засука ракавите и се фати за работа. Градоначалникот на Центар реши прв проект на општината да биде тендер за набавка на нови возила. Извори за Сител од Центар велат, дека Жерновски не бил задоволен од возниот парк па решил час поскоро, својот прв потпис да го стави за набавка на нови службени возила. Покрај Жерновски, во ново возило ќе седне и претседателот на советот Мирослав Шиповиќ. Какви возила ќе бидат купени, сеуште не се знае.“ Ова е кусата, но ударна вест на ТВ Сител, со која се продолжува негативната кампања против новиот градоначалник на Центар Жерновски и претседателот на Советот на Центар – Шиповиќ. Целта на веста е создавање негативна слика околу градоначалникот кој најави беспоштедна борба

Како до добро интервју?

на 21. 05. 2013 | | sq
Пишува Ѕвездан Георгиевски Текстот е достапен и на албански јазик: Si deri te intervista e mirë? Во новинарските кругови обично владее убедувањето дека интервјуто е најлесна новинарска форма. Имено, сè зависи од интервјуираниот. Новинарот може да има и најумни прашања на овој свет, ако соговорникот е индиспониран или, едноставно, нема што да каже, тогаш резултатот е – лошо интервју. И обратно, ако интервјуираниот е умен, елоквентен и има квалитетни одговори, тогаш новинарот може да постави и најглупави прашања, а сепак да добие – квалитетен производ. Ова правило, наводно, најмногу се однесува на таканаречените пишани интервјуа, односно оние што излегуваат во печатените медиуми.

Претплатете се за најнови вести