verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Administrator

Рецензија: Скандал во Општина Центар

на 7. 06. 2013 | |
Ако секој медиум писмата од читатели или, како во овој случај, писмото од „загрижен граѓанин“, ги пласира како новинарски текст, без да ги провери обвинувањата во нив и без јасно да разграничи што е текст, а што писмо, тогаш, за што служат новинарите?

Рецензија: Македонија воведе низа мерки пред Србија и Хрватска

на 7. 06. 2013 | |
Во вестите на Канал 5 излезе необичен прилог кој говори за тоа како Србија и Хрватска ја копираат Македонија во донесувањето на одредени социјални мерки, ама нивните ЕУ ги признава штом тие одат напред во евроинтеграциите, додека оние во Македонија се игнорирани. Ваквата компарација секако наиде на потсмев на социјалните мрежи и тоа токму од стручњаците за евроинтеграции. Јасно, се работи за методолошка споредба која за ЕУ во мигот не е значајна, бидејќи, Унијата за да ни олесни, ги сведе своите приоритетни барања на само пет сегменти кои се главно од политичкиот сектор, јавната управа и слободата на медиумите. Ама и тука паднавме.

Рецензија: Македонија четврта најмалку задолжена земја во Европа

на 6. 06. 2013 | |
Основниот навод во веста, дека земјава е четврта најмалку задолжена во Европа, не е точен. Другите констатации се, исто така, сомнителни. Како нивен извор се спомнуваат големи имиња како лондонскиот неделник Економист, ММФ и Светската банка, но дел од овие наводи не можат да се проверат. Она што е најсимптоматично е фактот што оваа вест се појави истиот ден кога јавниот долг на Македонија порасна на нивото од 34,1 отсто од БДП, што претставува највисоко ниво во изминативе 7 години. Но, ова воопшто не се спомнува, иако кога станува збор за долгот, неговиот раст беше вест на денот. Исто така, станува збор и за вест која е многупати повторена. Нејзината цел е јасна – да го намали ударот од негативниот

Рецензија: Заев лидер или само привремен претседател?

на 5. 06. 2013 | |
Тенденциозна квази анализа која преку спин има крајна цел да ја убеди јавноста за две нешта:
  1. Бранко Црвенковски и натаму е вистинскиот лидер на СДСМ;
  2. Зоран Заев е формален претседател на партијата кој има „предавнички ставови за името“, кој е реваншист и кој е аболициран криминалец.

Рецензија: Статистика: 21.294 денари просечната нето плата во март

на 4. 06. 2013 | |
Веста има грешка и тоа во најважниот податок – во толкувањето на индексот за растот на платите со што таа е промашена. Настрана фактот што не е јасно за кој раст станува збор – номинален или реален. Таа е едноставно препишана од две соопштенија на Државниот завод за статистика споени во една вест. Заради тоа, таа е преоптоварена со куп непотребни бројки. Наместо препишување на стручните, неновинарски и нејасни соопштенија на Државниот завод за статистика, авторот требало да го проанализира целото соопштение, особено придружните табели, и самиот да извлече свои заклучоци.

Рецензија: Не се знае дали Кежаровски зел поткуп

на 3. 06. 2013 | |
Почнувајќи од насловот кој сугерира можност колегата Кежаровски да зел поткуп за откривање на заштитен сведок во истрага, иако во самиот текст нема основ за тоа, преку содржината, темелена на пренесена вест од Макфакс за апсењето на повеќе лица поврзани со еден случај на убиство во Велес, меѓу кои и Кежаровски, па и со несреќното вметнување на пасус кој нема врска со темата туку со новинарското работење на Кежаровски, целиот напис остава впечаток на сензационалистички мотивиран, занаетски лош и некоректен новинарски производ, кој озгора на сè, на колега му го повредува правото на пресумпција на невиноста и му го нарушува угледот. Останува нејасно зошто токму Кежаровски е апострофиран со име и идентитет во насловот и во текстот иако и другите

Рецензија: Наместо да бараат слепи следбеници, лидерите треба да ги шармираат граѓаните

на 31. 05. 2013 | |
Наднасловот и насловот на статијата наведуваат на заклучок дека темата е да се одговори на прашањето какви лидери им се потребни на политичките партии во земјава генерално. Текстот почнува со претстојниот избор на претседател во СДСМ, но, натаму од содржината може да се заклучи дека авторот не трага по прашањето какви лидери им се потребни на партиите, туку „нуди“ модели на успешни лидери во ликовите на претседателите на партиите од власта.

Рецензија: Со помалку автомобили до поздрава околина

на 30. 05. 2013 | |
. „Борбата за поздрава и почиста околина треба да се добие со ограничување на моторизираниот превоз, а не со константно промовирање бесплатни паркинзи. Не дека бесплатното паркирање нема да донесе предности за возачите, но се добива впечаток како единствено автомобилите да добиваат третман, а проблемите со останатиот алтернативен превоз ѕирка од заднина, од втор план. Во јавноста постојано се сервираат услуги за возачите, разни карти, бесплатно и зонско паркирање, а на тој начин се стимулира употребата на автомобили и се зголемува аерозагадувањето“. Во написот за кој станува збор, по бенигниот воведен збор за темата, на индиректен начин се напаѓа една од ретките одлуки кои ги носи новиот градоначалник на Центар – Андреј Жерновски, за да продолжи негативниот одиум што кон

Претплатете се за најнови вести