verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Атрибуцијата и директните докази – најдобар штит на новинарот

on 27 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #145 - 'Ja huq kryetari Ivanov! Amneston një Fatime Fetai tjetër! - Telegrafi' - www_telegrafi_com_ja-huq-kryetari-ivanov-amne

Напис: Згреши претседателот Иванов! Амнестира една друга Фатиме Фетаи!

Една Фатиме Фетаи е амнестирана, но не Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство. Поради брзањето да заврши работа, Иванов ги помешал поединците, известува „Телеграфи Македонија“.

Порталот „Сакам да кажам“ информирал дека претседателот Ѓорге Иванов ја промашил целта на помилувањето и по грешка помилувал една Фатиме Фетаи од Гостивар.

Ова го потврдува и писмото од Фатиме Фетаи, специјалната јавна обвинителка, која му се обратила на претседателот Иванов, каде му кажува дека таа нема пријава, но ниту била некогаш кривично гонета од некој македонски суд.

Инаку, Фатиме Фетаи, онаа вистинската, живее во Боговиње, а не во Гостивар. /Телеграфи/

 

[Рецензија: Згреши претседателот Иванов! Амнестира една друга Фатиме Фетаи!]

Некои вести се малку поспецифични од другите. Кога станува збор за информации што првпат се објавуваат, новинарот треба да се осигури дека јавноста нема да ја разбере погрешно веста што се објавува.

[Recension: Ja huq kryetari Ivanov! Amneston një Fatime Fetai tjetër!]Линк до оригиналниот напис: Згреши Претседателот Иванов! Амнестира една друга Фатиме Фетаи!

Датум и време на објавување: 18.04.2016

Датум на рецензирање: 19.04.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Треба да се каже дека оваа вест е коректна и не дава ниедна дезинформација. Всушност, станува збор за една вест што ненадејно ги преплави сите интернет-медиуми. Малку чудна и неочекувана вест. Станува збор за една грешка на претседателот на државата. Доколку тој згрешил и ја помешал обвинителката Фетаи со некоја друга Фатиме, не само што е грешка, туку изгледа и многу смешно. Но, ова е друго прашање, што повеќе може да ги засега тие што се дел од претседателскиот кабинет, бидејќи, на крајот на краиштата, не е индивидуална грешка на претседателот, туку на претседателот како институција. За нас, како новинари, пак, прашањето е како да успееме да бидеме коректни во известувањето за вести од оваа природа.

Авторот на овој текст се базира на еден портал на македонски јазик („Сакам да кажам“), каде исто така објавената вест е нецелосна. Авторот бил внимателен и го цитирал порталот. Проблемот е што порталот на македонски јазик направил еден пропуст, во врска со објавувањето на писмото што обвинителката Фетаи му го доставила на претседателот Иванов, за да му даде до знаење дека помилувал друга Фатиме.

И, по нив, и порталот „Телеграфи“ (но и другите портали на албански јазик), продолжиле со истата практика. Има случаи кога некои документи се непристапни за новинарите или не е дозволено да се објават поради сигурносни причини. Во таквите случаи, сосема е нормално новинарите само да го парифразираат тој документ. Меѓутоа, во овој случај, писмото на Фетаи беше објавено од еден голем дел од медиумите.

За да се биде уште попрофесионален и сеопфатен, требало да се контактира и самата обвинителка и да се праша дали е вистинско ова писмо што кружи по медиумите. Оваа потврда од Фетаи ја направија само еден мал дел од медиумите.  Другите го објавија писмото без двоумење. Добро што ова беше вистина, но доколку стануваше збор за некоја шпекулација, тогаш сите медиуми требаше да се им извинат и на Фетаи и на Иванов.

Правилото број 1 од Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија вели:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информација што се од јавен интерес. Новинарот треба да објави точни, докажани информации и нема да прикрие суштински податоци и нема да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, ова треба да се каже и објави. Точноста на информацијата треба да се докаже колку што е можно повеќе…

Оваа вест, главно, е коректна, не манипулира, не дезинформира, не додава или прикрива некој податок. Доколку се објавеше и материјалот, односно писмото доставено до претседателот Иванов од обвинителката Фетаи, веста ќе изгледаше поубедлива и покомплетна.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести