verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ангеловска не забранила комуникација со новата заменичка-министерка за финансии

on 9 - 01 - 2020       

[СКАНДАЛ: Министерката на Заев им забрани комуникација на вработените со новата заменичка од ВМРО-ДПМНЕ]

Насловот на текстот што го рецензираме е бомбастичен, но не e поткрепен со докази дека министерката за финансии Нина Ангелвoска, наводно забранила комуникација на вработените со новата заменичка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска. Во дописот што е објавен во текстот, е објаснет начинот на комуникација кој треба да оди со дополнителната заменичка-министер, но не е наведена забрана. Демант на оваа информација стигна и од Министерство за финансии.

Линк до оригиналниот напис: СКАНДАЛ: Министерката на Заев им забрани комуникација на вработените со новата заменичка од ВМРО-ДПМНЕ

 Датум и време на објавување: 08.01.2020

Датум на рецензија: 09.01.2020

Рецензира: Силвана Жежова

Во насловот и на самиот почеток од текстот се тврди дека министерката за финансии, Нина Ангеловска на вработените во Министерството „им забранува да комуницираат со дополнителната заменик-министерка Гордана Димитриеска-Кочоска“.

Дописот е испратен рано утрото по стапување на должност на Димитриеска-Кочоска, изгласана во Собранието како член на техничката влада, што е во согласност со Пржинскиот договор.

Во дописот од Министерството, пак, објавен во истиот текст, никаде не се спомнува забрана за комуникација со дополнителната заменичка-министерка Димитриеска-Кочоска, туку е објаснет начинот на кој треба да се одвива таа комуникација во рамките на институцијата:

секоја комуникација и барања упатени од дополнителниот заменик-министер или член на неговиот кабинет кон поединечни вработени во одредени сектори мора прво да бидат одобрени од раководител на сектор и/или државен советник, а раководителот на сектор/државниот советник треба да има претходно одобрување од кабинет на министер.

Ова, се коси со тврдењето искажано во претходниот пасус (и во насловната конструкција) дека постои „забрана за комуникација“.

Од Министерство за финансии истиот ден ги демантираа обвинувањата дека била „забранета комуникација на вработените со техничката дополнителна заменик министерка за финансии“.

Организацијата на работата на Министерството за финансии, како и кај секој државен орган, е точно утврдена и пропишана со Процедури за работа. Согласно Процедурите за работа, вработените го работат предметот, го доставуваат до раководното лице на одобрување, а потоа до Кабинетот на одобрување – што е пракса години наназад. Структурата на изработка и проверка на предмети постои токму со таа цел – проверка и точност на податоци. Обидот да се претстави пропишаната процедура за работа како завера од страна на одредени медиуми, не го гледаме како ништо друго освен обид за политичко поентирање преку лажни вести. Тоа е спротивно на интересот на Министерството за финансии јавноста да биде навремено и точно информирана, се вели во ДЕМАНТОТ на Министерство за финансии.

Текстот е манипулативен и ја дезинформира јавноста, бидејќи едно е кога има процедура за работа во една институција, а сосема друго доколку министерката лично забранила комуникација со дополнителната заменичка-министерка, како што тврди овој напис без никакви докази. Министерство за финансии е институција која располага со бројни податоци, па оттука потребни се правила на интерна и надворешна комуникација.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести