verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Алшар има концесионер, кој можел да биде прашан

on 11 - 11 - 2015       

Македонија ја има најголемата тајна Република Online - crop-resize

 

[Рецензија: Македонија ја има најголемата тајна: Светски научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната на бесплатна енергија!]

 

Информацијата за да биде точна и потврдена, мора да има извор, тоа е темелот врз кој се гради веродостојност на новинарски текст. Тој може да биде анонимен, дискретен, таен, но мора да постои, а должност на новинарот е на читателот да му каже од каде му се информациите што ги објавува. Особено ако новинарот, за да му даде поголема тежина и сериозност на напишаното, уште во насловот се повикува на референтни извори и на публиката ѝ соопштува дека: „Светски научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната на бесплатна енергија“. Во текстот што го рецензираме нема ни „с“ ни „н“ од најавените авторитети, па тоа може да нè наведе на помисла дека станува збор за манипулација со читателите, лажна информација или објавување невистина.

FireShot Screen Capture #125 - 'Македонија ја има најголемата тајна_ Светски научници и НАСА тврдат дека Македонија ја криеЛинк до оригиналниот напис: Светски научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната на бесплатна енергија

Датум и време на објавување: 08.11.2015, 16:39

Датум на рецензирање: 09.11.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

СЕКОГАШ ИНТЕРЕСЕН

Самото спомнување на рудникот Алшар во Мариовско предизвикува кај публиката голем интерес, бидејќи, според бројни текстови досега објавени за овој рудник, се работи за навистина чуден феномен и за наоѓалиште на ретки руди и минерали.

Непотпишаниот автор на репортажата, чија писменост, содржајност и јавен интерес не можеме да ги спориме, широко и детално опишува што крие утробата на рудникот. Можеби тоа е така, но во текстот нема ниеден извор кој е спомнат во насловот и кој би ја потврдил веродостојноста на напишаното.

„Во македонскиот рудник Алшар на Кожуф има и лорандит, минерал на талиумот, кој служи за да се детектира, да се лоцира неутринот, кој пак има директно потекло од Сонцето и единствено на планетата го има тука. Талиумот во Алшар, а со тоа и неутринот, по своето количество е светски, планетарен раритет. Ако се успее да се одвои неутринот од талиумот, нашата планетарна наука ќе ги разбере процесите со чија помош се генерира енергијата на Сонцето.“

 

КОЈ ГО ТВРДИ ТОА?

За да му даде и нота на ексклузивност на текстот, авторот се „повикува“ на светските научници и на НАСА, но тие се некаде изгубени или се измислени, што го девалвира напишаното и предупредува на непочитување на одредбите на Кодексот на новинарите на Македонија.

„На територијата на Република Македонија постојат богатства кои ги нема ниту во една друга земја. Македонија ја има најголемата тајна, светски научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната на бесплатна енергија!“

 

АЛШАР ИМА КОНЦЕСИОНЕР

А, не морало да биде така. Рудникот Алшар е уште на почетокот од 2013 година даден под концесија на домашната компанија, која за таа намера платила на државата 1,5 милион денари и која требало до април ова година веќе да излезе со првите сознанија за ова наоѓалиште на ретки минерали. Тоа не е никаква тајна и за тоа зборувал при доделување на концесијата и министерот за економија, Ваљон Сарачини, и авторот можел да го праша носиталот на концесијата што е досега откриено во утробата на земјата на овој локалитет и да ни презентира точни и веродостојни податоци.

Изворите на информации се клучни и незаобиколни за почитување на новинарските стандарди. Практично, без извори не би требало ништо да биде објавено, дури и ако новинарот нешто сам открие, мора да се потпре на изворите за да го потврди или демантира откриеното.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести