verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Алатки и трикови за полесна новинарска работа во дигиталниот свет

on 26 - 02 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански
Веројатно една од највредните алатки на Гугл - Google Analytics ви кажува колку посети и посетители сте имале на Вашиот веб сајт. Фото: Blue Fountain Media, 2012
Веројатно една од највредните алатки на „Гугл“ – Google Analytics ви кажува колку посети и посетители сте имале на Вашата веб-страница. Фото: Blue Fountain Media, 2012

 

Дигиталните алатки и платформи се сега составен дел од работата на поголемиот дел од новинарите во современиот свет. Сепак, многумина сè уште не знаат како да ги користат напредните техники за пребарување на „Гугл“ за да си го олеснат секојдневното работење, смета Ден Раселписател, аналитичар и истражувач на „Гугл“.

 

Пишува: Ана Анастасовска

 

Расел нуди неколку совети за напредни техники за пребарување, кои ќе им помогнат на новинарите во нивното истражување, споделување вести и верификација, а кои ги пренесува веб-страницата journalism.com.uk.

 

Пребарување по слика

Оваа функција може да се искористи за да се препознаат непознатите објекти или локацијата каде одредена фотографија била направена или објавена.

За да пребарувате по слика, отидете на Google Image Search и додадете ја вашата слика, или преку линк или прикачувајќи ја или влечејќи ја од вашиот компјутер.

001-Google-Images-ver-001-framed-500dpi

Резулатите од пребарувањето ќе ви покажат листа на веб-страници каде таа фотографија се појавила.

Оваа техника, исто така, може да се искористи за да се идентификува помал дел од една поголема фотографија, како лого, сечејќи ја сликата кај најважниот дел.

 

Пребарување по боја

Оваа функција може да ви биде корисна доколку не сте ја запомниле, на пример, книгата која сакате да ја искористите во вашето истражување, но сте ја запомниле само нејзината боја. На пример, сакате да ја пронајдете книгата „Елементите на новинарството: Што новинарите треба да знаат и што публиката треба да очекува“ од Бил Ковач и од Том Розенстил (The Elements of Journalism: What Newspeople Should Know and the Public Should Expect). Доколку не ви текнува на името на книгата, но се сеќавате дека нејзината корица е во црно-бела боја, тогаш отидете на Google Image Search, напишете што пребарувате, на пример „книги за новинарството“ и потоа стиснете го копчето „search tools“, а потоа  „colour“.

002-book-for-jounalism-Google-Search-002-framed-500dpi

Од листата одберете ја црната боја и ќе ви ги даде книгите кои имаат црна боја на кориците.

003-book-for-journalism-Google-Search-003-framed-500dpi

Google Trends

Многу новинари ја користат алатката Googe Trends  за да ги видат термините и насловите кои најмногу се пребарувале, но корисниците можат да ги пребаруваат трендовите и по регион или време.

За да го направите ова, потребно е да ја изберете земјата и временскиот период на местото обележано  во горниот дел од страната. На пример, што најмногу се пребарувало во Хрватска, на 24 февруари 2015 година.

004-Google-Trends-004-framed-500dpi
Доколку пишувате на одредена тема, на пример, за еболата, исто така можете да видите каков бил интересот за оваа болест и колку за неа се пишувало и истражувало низ годините. На пример, видете ја разликата во интересот за еболата, во различни региони и години.

005-Google-Trends-Web-Search-interest-ebola-Worldwide-2004-present-005-framed-500dpi-ver-002

Овие информации можат многу да ви помогнат за дополнување на вашата сторија за таа да биде покомплетна и да изобилува со повеќе детали.

„Гугл“ нуди и други алатки, кои во голема мера можат да ви ја олеснат новинарската работа. За таа цел, српската новинарка Александра Петровски, на својот блог alex5rovski.com, открива неколку веб-алатки кои на новинарите им ја прават работата полесна и поедноставна.

 „Желба ми е мојот блог да биде сведок на развојот на онлајн-новинарството и социјалните мрежи и ќе се обидам да стане ризница од текстови за модерното новинарство. Овој блог е наменет на оние кои се заинтересирани за дигиталните медиуми, новинарството и за социјалните мрежи“, пишува Петровски на својот блог.

Во продолжение, ви пренесеме некои од нив:

006-Google-Drive-Get-Started-006-framed-500dpi-second version

 

Google Drive

Повеќето од колегите сигурно имаат отворено Gmail налог. На новинарите од голема помош може да им биде сервисот Drive. Имено, на каков било документ зачуван на Drive, можете да му пристапите од кој било уред и да го менувате колку што сакате. Останатите, со кои сте го споделиле документот, можат  во кое било време и на сите да им ги поправаат грешките и да означуваат одредени делови на текстот, до кои отстрана можат да се оставаат коментари.

Сè што треба да направите е да се најавите на вашата сметка на Gmail , да појдете на страницата на Google Drive и истиот да го инсталирате на вашиот компјутер.

Откако ќе го инсталирате, ќе ви се појави прозорче кое ќе ви ги објасни чекорите за тоа како да ја користите програмата.

 

Google Contacts

Сигурно на многумина, барем еднаш во животот, им се случило да го изгубат својот мобилен телефон или истиот одеднаш да престане да им работи и сите контакти зачувани во него да исчезнат во неповрат. Доколку именикот од вашиот телефон го зачувате и на ова место, тогаш немате потреба да се грижите. Исто така, кога ќе го менувате телефонот, немате потреба да ги префрлувате контактите. Во Google Contacts многу лесно се менуваат податоци и се внесуваат нови.

Предноста на оваа апликација е и тоа што, во рамки на редакцијата, можете да направите заеднички именик, кој на секој колега ќе му биде достапен. Така, повеќе не мора да ги прашувате колегите дали имаат број од некој политичар или портпарол.

 

Google Calendar

Одлично помагало, како за лична организација, така и за подобра координација на целиот тим на редакцијата, бидејќи јасно ни е дека „новинар си 24 часа секој ден“.

Овој календар е добар за правење заеднички распоред, на пример, за смени, како и за да имате увид во тоа кои настани ќе се одржат во наредниот период. Однапред забележете, што, кога и каде ќе биде одржано и нагодете го потсетникот во одредено време.

007-Google-Calendar-007-framed-500dpi 

Google Photos

Доброто кај овој сервис  е што можете автоматски да им правите бекап на сите фотографии и видеоснимки кои сте ги направиле со Вашиот телефон и тие остануваат тука дури и кога ќе ги избришете од мобилниот. Можете да ги менувате, да ги симнете и повторно да ги користите. Можете да ги споите во еден албум, или Google сам ќе ги спои, а доколку види слични фотографии, може да ги претвори во GIF, кој, исто така, може да Ви користи.

008-Photos-Google--008-framed-500dpi

Google Translate

Сигурно многумина од вас го користат овој сервис, имајќи предвид дека содржи голем број јазици, што го олеснува следењето на медиумите од кое било говорно подрачје.

Она што е интересно кај овој сервис е што има и аудиоверзија, која може да ви помогне при транскрибирање на имиња. Слична функција врши и Namez, доколку не сте сигурни како се изговара името на одредена личност, компанија или место, иако овој сервис сè уште е во развој и нема голема база на податоци.

0085-Namez-Record-and-share-your-name-pronunciation-0085-framed-500dpi

 

Pixlr

Доколку сакате да обработите некоја фотографија или да направите интересна илустрација за својот текст, тогаш овој сервис може многу да ви послужи. Не е потребно да правите никаков профил, ниту да се логирате, ниту, пак, сте лимитирани со количеството на фотографии.

009-Online-Image-Editor-Pixlr-Express-Autodesk-Pixlr-009-framed-500dpi

Освен основните функции (red eye, crop, resize, rotate, contrast, sharpen, blur…) можете да правите колажи, да ставате разни украсни рамки, стикери или одредени ефекти и на располагање имате многу фонтови кои може да ги искористите доколку сакате да напишете нешто на фотографијата.

010-Online-Image-Editor-Pixlr-Express-Autodesk-Pixlr1-010-framed-500dpi

 

Feedly

Во денешно време, кога речиси е невозможно да се остане во чекор со брзината на протекот на информации, потребен ви е добар агрегатор на вести. Кај нас најпопуларни агрегатори се Time.mk и Grid.mk. Сепак, доколку сакате да следите одредена тема од повеќе различни извори, тука е Feedly. Темите се детално поделени, што ви го олеснува филтрирањето на интересите, а можете да додадете и веб-страници (или само рубрики) кои ги следите.

011-feedly-011-framed-500dpi

 


Оваа новинарска лекција е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Новинарската лекција e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на новинарската лекција е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести