verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ако „баба“ лаже, фотографиите не лажат!

on 7 - 12 - 2016       

kurir

[Рецензија: Слаб одзив, слаб говор- разочараност во СДСМ од очајниот митинг]

Текстот што е предмет на рецензија е тенденциозен и не ја прикажува вистинската атмосфера и бројност на присутните на митингот на Коалицијата за живот во Македонија предводена од СДСМ, што се одржа пред Владата на 5 декември (2016). Наспроти тврдењето дека митингот бил со слаб одзив, наводно, имало само 15.000 лица, фотографииите, но и снимките од дрон, покажуваат масовна присутност. Исто така, не се точни ниту тврдењата во насловот дека кај социјалдемократите постои разочараност од митингот, бидејќи СДСМ овој митинг и оној во Битола ги оцени како најмасовни во кампањата.

miitngЛинк до оригиналниот напис: Слаб одзив, слаб говор- разочараност во СДСМ од очајниот митинг

Датум и време на објавување: 05.12.2016

Датум на рецензирање: 07.12.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

 

ПАРТИСКА РЕТОРИКА

Написот не нуди аргументи за констатацијата дека „неуспешноста на овој митинг ја означува загубената битка на Заев и опозицијата на изборите на 11 декември“. Прво, овој митинг не може да се оцени како неуспешен и, второ, според најновата анкета што ја нарача телевизија „Телма“, а ја спроведоа Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и МЦМС, преку агенцијата „М проспект“, гледано според изборни единици, СДСМ има предност од 2,3 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ токму во првата изборна единици. Но, ниту митингот, ниту анкетата не можат со стопроцентна прецизност да ја предвидат волјата на гласачкото тело и како тоа ќе гласа на 11 декември, бидејќи бројот на неопределени и оние кои не сакаат да кажат за кого ќе гласаат е голем.

„По скопскиот митинг на коалицијата предводена од СДСМ, што се одржа вечерва пред Владата на РМ, јасно е дека погубната битка на Заев и опозицијата завршува погубно за нив самите. Народот препознава дека зад „Планот за живот во Македонија“ се крие „план за двојазичност и федерализација на Македонија“.

Во овој дел од текстот, исто така, се напаѓа Заев за наводен  „план за двојазичност и федерализација на Македонија“, што е типична реторика на митинзите на владејачката партија и на Коалицијата за подобра Македонија.

 

 

НЕСООДВЕТНА СПОРЕДБА

Несоодветна е споредбата помеѓу митингот кој опозицијата го одржа во неделата со ланскиот кој се одржа на 17 мај, бидејќи тој лани беше граѓански собир за да се изрази незадоволството од актуелната власт, по објавувањето на „бомбите“ од страна на лидерот Зоран Заев. Поместувањето на бината неколку метри понапред или поназад и празниот простор за кој се пишува во текстот,  не го обезвреднуваат фактот за бројната посетеност на овој митинг.

„Токму затоа беше десеткуван бројот на граѓани присутни на митингот вечерва во споредба со митингот што го одржа СДСМ лани на 17 мај. Ниту оптичките игри кои ги направил организаторот, пред се поместување на бината за неколку метри напред во споредба со ланскиот нивен митинг како и големата празнина помеѓу бината и првиот ред од присутните не можат да го скријат впечатокот за недоволната бројка на присутни на денешниот митинг“.

Текстот што го рецензираме е едностран и политички пристрасен, тој има цел да го минимизира присуството на граѓаните на митингот на опозицијата. Без прецизна и издржана аргументација, само со пласирање произволни информации, овој материјал повеќе наликува на партиско соопштение, отколку на веродостоен новинарски производ кој треба да даде реален приказ за еден настан.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести