verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

А какви се мајките, дебели и „несекси“?!

on 30 - 07 - 2016       

telegraf

[Рецензија: СЕКСИ КИАРА: Дали ќе рече некој дека таа е мајка? (ФОТО)]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија има бомбастичен наслов, а истиот, всушност, е бомбастична ступидност. Имено, написот е дискриминирачки и поставува некакви стереотипи за тоа како изгледаат жените што родиле деца.

СЕКСИ КИАРА Дали ќе рече некој дека таа е мајка ФОТОЛинк на оригиналниот напис: СЕКСИ КИАРА: Дали ќе рече некој дека таа е мајка? (ФОТО)

Датум и време на објавување: 27.07.2016

Датум на рецензирање: 29.07.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

СТЕРЕОТИПИ

„Секси Киара, дали ќе рече некој дека таа е мајка?“ Што треба да значи ваквиот наслов? Дека сексапилноста не соодветствува со мајките? Многу конфузно и нејасно.

„Светски познатат пејачка Киара е една од најубавите жени на планетава. Таа има линија која ја посакува секоја жена. Киара има 30 години и стана мајка пред две години, но кој би рекол дека оваа „риба“ родила дете“.

Во првиот пасус од текстот се отвораат неколку дилеми и нејаснотии. Се наведува дека пејачката имала „линија“ каква што посакува секоја жена? Ова претставува своевидна дикриминација и стереотип. Имено, од каде тој став дека секоја жена го посакувала изгледот на оваа пејачка? Несериозно е да се тврди такво нешто и притоа да се гради став дека секоја жена би требало да изгледа така.

Подолу, написот прашува „кој би рекол дека оваа девојка родила дете?“ А зошто да не рече некој дека таа е мајка? Што е тука спорно? Нејзиниот изглед? А како, всушност, изгледаат мајките? Написот гради стереотип дека жените што родиле деца не се убави и не изгледаат добро. Апсурд невиден! Зарем има некој модел по кој треба да се обликуваат мајките?

Овој текст е дискриминаторски и не соодветствува со професионалните и со етички норми во новинарството. Гради стереотипи и притоа ги понижува и ги навредува жените што родиле.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести